Регион
Во Хрватска пет пријавени случаи на тромбоемболија по вакцинирање, двајца починале

Хрватската агенција за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) досега истражувала или веќе испитала пет пријави за сомневање на несакани ефекти на тромбоемболија по вакцинирање.
Во два случаја лицето починало, станува збор за 33-годишна жена и 91-годишник, кои ја примиле вакцината на „Астра зенека“. Помладата личност починала 12 дена по вакцинирањето, а случајот сè уште се испитува бидејќи добиле недоволна документација. Што се однесува до 91-годишното лице, било заклучено дека врската помеѓу вакцинацијата и смртта е малку веројатна.
Постојат уште три пријави за појава на тромб, во кои немало фатален исход – во два случаја лицето примило вакцина на „Астра зенека“, а во еден случај на „Фајзер“.
Досега се пријавени вкупно 1.818 сомнителни несакани ефекти: 1.044 на вакцината „комирнати“ („Фајзер“), 104 на вакцината на „Модерна“, 668 на „Астра зенека“ и две пријави за вакцина против Ковид-19 за кои не се добиени информации од производителот, вели ХАЛМЕД.
До 11 март во Хрватска се потрошени вкупно 290 илјади дози вакцина. Несаканиот ефект е пријавен за речиси 0,6 проценти од сите примени дози.
Секоја година венската тромбоемболија погодува околу 3,7 милиони луѓе. Во Хрватска околу 6.500 луѓе заболуваат од венска тромбоза секоја година, што значи речиси 135 секоја недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.