Македонија
Чибишев: Комисијата да побара одложување на пописот за да нема човечки загуби

Живееме во епидемиолошка агонија, а немаме вакцини, Комисијата за заразни болести да побара одложување на пописот за да нема човечки загуби. Ова го истакна Андон Чибишев, од денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за здравство под мотото „Здравјето не е статистика, жените против неправдите“.
Рече дека додека Светската здравствена организација апелираше: ‘тестирај, тестирај, тестирај’, ние тестиравме во ограничен број, а граѓаните од свој џеб да плаќаат 6.000 денари за да можат приватно да се тестираат. За цело време на пандемијата, обвини Чибишев, имаме недостаток од соодветна терапија, но на приватно, граѓаните можат по аптеките да ги набават потребните лекови кои им беа потребни за да се лекуваат тие и нивните семејства.
Според него, цела година ние живееме во епидемиолошка агонија, а се уште немаме уедначени протоколи за лекување.
Чибишев посочи дека сега кога имаме недостаток на вакцини и цел свет брои бројка на вакцинирани со втората доза, ние броиме новозаразени и починати пациенти, што е катастрофално.
„Од пред неколку месеци добиваме ветувања дека ќе добиеме вакцини, од нашите пријатели д ЕУ, не добивме, па добивме ветување дека имало договор до одредена фармацевтска компанија и дека вакцините само што не пристигнале, арно ама вчера дознавме дека договор немало“, истакна Чибишев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба

Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба. Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС секогаш гледа на националните интереси како на средство преку кое доаѓаат на власт. СДС сменија име, знаме, Устав. И секогаш пред да го направат предавството се колнеа дека нема да го направат тоа. По патот на Заев и Ковачевски, сега оди и ова СДС со Филипче, кој од сред Атина ја кодошеше Македонија“, рече тој.
Според него, мотивите на Филипче се јасни.
„Тој не сака Македонија да оди во ЕУ, туку Филипче сака на патот кон ЕУ да ги распродава националните интереси за да краде. ВМРО-ДПМНЕ се бори Македонија да влезе во ЕУ, по критериуми кои важеле за сите и критериуми кои се демократска вредност. Филипче не се однесува како одговорен политичар, туку бара само начин како да дојде до позиција повторно да може да мести тендери. Шемата која ја видовме со Зобек мининг е само почеток за Филипче, доколку тој некогаш би имал власт“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани.
Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос помеѓу двајца советници, а интервенирала и полицијата.
На видеото се гледа како едниот од нив фрла предмет и погодува една од вработените во Општината во глава.
Македонија
(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово сака да нѐ замолчи, изјави Анита Мургашанска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.
Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара, додаде таа, Максим Димитриевски поднел тужба дека бил навреден и наклеветен.
„Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на Општина Куманово. Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја забошоти, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи сите што му се спротивставува и јавно му ги обелоденуваа“, рече Мургашанска.
„Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и за сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи“, рече таа.
Мургашанска најави дека СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја негова злоупотреба и ќе бара институционална реакција од надлежните.
„Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски. Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор? Како тоа Димитриевски добил стан од 97 квадратни метри во центарот на Куманово за само 2.500 евра?“, праша таа.