Спорт
Гут-Бехрами со протест против ФИС по откажувањето на брзинските трки?
Швајцарската скијачка „кралица“, Лара Гут-Бехрами одби да дава интервјуа откако на последната трка од сезоната, велеслаломот во Ленцерхајде, намерно се откажа по две врати, според многумина во знак на протест по откажувањето на брзинските трки од финалето на Светскиот куп.
Гут-Бехрами така не доби шанса да ја освои втората титула во генерален пласман од Светскиот купо по таа во 2016, откако брзинските трки беа откажани, а Словачката Петра Влхова го освои големиот кристал.
Ова не е нов проблем во Светскиот куп во алпско скијање, откако многумина ги критикуваа ФИС за големиот број на технички трки во споредба со брзинските, со што специјалистите за брзите трки (спуст и супер-џи) се во подредена ситуација. Оваа сезона се возеа 7 спуста, 6 супер-џи трки, но и 8 велеслаломи, 9 слаломи и 1 паралелен слалом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.
Спорт
(Видео) Манчестер сити водеше со 3:0, на крајот освои само еден бод
Алармот е вклучен на „Етихад“, Манчестер сити не успеа да го победи Феенорд во Лигата на шампионите и покрај тоа што имаше предност од три гола до 75.минута. На крајот грешките на Јошко Гвардиол му овозможија на Феенорд да избори реми 3:3.
Манчестер сити не успеа да ја прекине лошата низа, по петте порази во сите натпреварувања, одигра нерешено против Феенорд во петтото коло во Лигата на шампионите.
Ако Гвардиола до овој натпревар изјавуваше дека не е загрижен, по дуелот со холандскиот тим ќе мора да го вклучи алармот. Очигледно е дека многу работи не функционираат во играта на неговиот тим.
„Граѓаните“ го отворија резултатот во 44.минута кога Халанд погоди од пенал. Норвежанецот во 50. минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Гундоган го постигна третиот гол.
Потопот на Сити започна во 75.минута кога Хаџи-Муса го намали резултатот, во 82. Сантијаго Хименез го врати Феенорд во игра, а Словакот Ханцко во 89.минута ги шокираше и навивачите и играчите на Сити.
По пет руни Сити има осум, а Феенорд седум бода.
Спорт
Вардар со победа се збогуваше со Лига Европа
Фото/ facebook.com/rkvardar
Ракометарите на Вардар со победа се простија од Лига Европа. Вечерва во „Јане Сандански“, Вардар го победи Мелсунген со 32:30 (17:17).
Првиот дел беше израмнет, Мелсунген подобро влезе во мечот, стекна предност од два гола, Вардар направи серија од 3:0. Црвено-црните потоа водеа со два гола, на крајот првиот дел заврши 17:17.
Во слично темпо продолжи и првата половина од второто полувреме. Во тие моменти Вардар стекна предност од два гола (25:23), која не ја испушти до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест. Голема заслуга за победата има и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Во Групата Ф Вардар го освои третото место со пет бода. Групата ја поминаа Мелсунген со 10 и Порто со седум бода.