Спорт
Мбапе го „уништи“ Лион, па се повреди, ПСЖ се врати на прво место!
Пари Сен-Жермен со неверојатни 2:4 го доби дербито на 30. коло во француската Лига 1 против Лион, и го искористи „киксот“ на Лил за да се врати по подолга пауза на врвот на шампионатот.
Прва ѕвезда на тимот на Маурисио Почетино беше Килијан Мбапе, откако 22-годишниот француски репрезентативец постигна два гола за да стигне до неверојатната бројка до 100 постигнати гола во францускиот шампионат, иако постои загриженост во таборот на Парижани, откако мораше да биде повлечен од игра во 70-тата минута од мечот.
Мбапе уште во 15. минута го отвори резултатот, пред Данило во 32. минута да зголеми на 0:2. Почетокот на второто полувреме беше уште посилен – Анхел ди Марија стрелаше во 47. минута, а веќе во 52. минута Мбапе го постигна својот втор гол. Ислам Слимани веднаш по влегувањето во игра во 62. минута намали на 1:4, пред Максвел Корне во 81. минута да ги постави конечните 2:4.
Откако Ним стигна до изненадувачка 2:1 победа на гости кај Лил, ПСЖ сега се лидер во Лига 1 со 63 поени, колку што имаат и Лил (но со послаба гол-разлика), додека Лион остануваат трети со 60 поени.
ЛИГА 1, 30.КОЛО
Лион – Пари Сен-Жермен 2:4
Лил – Ним 1:2
Стразбур – Ленс 1:2
Брест – Анжер 0:0
Дижон – Ремс 0:1
Монпелје – Бордо 3:1
Нант – Лориен 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.