Свет
Бајден не ја прифаќа поканата на Путин за видеосоочување
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Вашингтон ја одбил поканата за разговор упатена од претседателот Владимир Путин до неговиот американски колега Џо Бајден.
Рускиот претседател неодамна го повика Бајден на видеосоочување, само еден ден откако неговиот американски колега го нарече убиец и се закани со нова рунда на санкции против Русија.
Сепак, американската страна го отфрла предлогот на Путин за видеповик што би се пренесувал во живо, се вели во соопштението на руското МНР, кое го пренесе аганцијата „Спутник“.
#BREAKING | Russian Foreign Ministry: US has rejected Putin’s proposal for video talks with Biden https://t.co/Fj5f6tpb6G#SputnikBreaking @mfa_russia pic.twitter.com/FppQjjpbUF
— Sputnik (@SputnikInt) March 22, 2021
„Со жалење известуваме дека американската страна не ја прифати поканата на рускиот претседател Владимир Путин тој и американскиот претседател Бајден да разговараат преку видеоповик на 19 или 22 март и во таа пригода да отворат повеќе прашања што ги оптоваруваат односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението.
Москва ваквиот потег на Вашингтон го оцени како уште една пропуштена можност да се стори нешто во сферата на подобрување на односите меѓу Русија и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дубаи постави нов рекорд: Пентхаус продаден за 127 милиони евра
Дубаи постави нов рекорд на пазарот на недвижности со продажба на најскапиот пентхаус на Блискиот Исток, вреден 550 милиони дирхами (околу 127 милиони евра). Луксузниот пентхаус се наоѓа во комплексот Bugatti Residences во деловната зона Business Bay, објави Анадолу.
Со оваа трансакција е постигната и највисока цена по квадратен метар досега во тој дел од градот – околу 27.000 евра по квадрат, што дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како глобален центар за ултралуксузни недвижности.
Пентхаусот се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од првиот станбен комплекс во светот под брендот Bugatti. Проектот веќе привлече и познати личности, меѓу кои Нејмар, Андреа Бочели и Ајмерик Лапорт.
Компанијата Binghatti, инвеститор на проектот, соопшти дека оваа продажба ја потврдува водечката улога на Дубаи на светскиот пазар на луксузни недвижности и интересот на глобалната елита за ексклузивни резиденции во градот.
Свет
Германија испраќа војници на истокот на Европа
Германија ќе распореди војници од Бундесверот за да ѝ помогне на Полска во обезбедувањето на нејзината источна граница со Белорусија и руската енклава Калининград, објави Дојче Веле.
Како што соопшти германското Министерство за одбрана, станува збор за неколку десетици војници кои ќе учествуваат во полската операција „Источен штит“. Нивната задача ќе биде од исклучиво одбранбен карактер и ќе вклучува инженерски активности како копање ровови и поставување бодликава жица и противтенковски пречки. Распоредувањето треба да започне во април 2026 година, а мисијата е планирана да трае до крајот на 2027 година.
Од Министерството појаснија дека за оваа мисија не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи според законот не се смета за вооружена странска операција.
Фото: depositphotos
Свет
Лукашенко помилува 123 затвореници во замена за укинување на американските санкции
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 123 затвореници како дел од договор со САД за укинување на американските санкции поврзани со увозот на белоруски калиумови ѓубрива, познати како поташа, јавија меѓународните медиуми.
Според информациите, ослободените лица се од различни националности и биле осудени по обвиненија кои вклучуваат шпионажа, тероризам и екстремизам.
Меѓу помилуваните е и Алеш Бјалијатски, основач на белоруската организација за човекови права „Вијасна“ и добитник на Нобеловата награда за мир за 2022 година, како и две истакнати опозициски фигури – Марија Колесникова и Виктор Бабарико, потврди американската амбасада во Вилнус.
Договорот бил постигнат по дводневни преговори меѓу Лукашенко и Џон Кол, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.
Меѓу ослободените има и петмина украински државјани, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му се заблагодари на Вашингтон за посредувањето.
„Началникот на военото разузнавање Кирил Буданов презентираше детали за подготовката на специјална мисија за ослободување на нашите граѓани притворени во Белорусија. Благодарение на активната улога на САД и соработката на разузнавачките служби, околу сто лица, меѓу кои и петмина Украинци, сега се слободни“, напиша Зеленски на Телеграм.
Поташата е еден од најважните извозни производи на Белорусија и клучна суровина за производство на минерални ѓубрива, а санкциите кон овој сектор беа воведени од САД поради состојбата со човековите права во земјата.
Фото: depositphotos

