Свет
ЕУ го одби барањето на Велика Британија да достави вакцини од Холандија
Европска Унија го одби барањето на британската влада да достави вакцини против Ковид-19 на „Астразенека“ произведени во фабрика во Холандија, изјави претставник на ЕУ.
„Британците инсистираат на тоа дека фабриката Халик во Холандија мора да им ја достави лековитата супстанција произведена таму. Тоа не функционира“, изјави официјален претставник за „Ројтерс“.
Фабриката Халик од Лајден е наведена како снабдувач на вакцини и во двата договора што „Астразенека“ ги потпиша со Велика Британија и Европската Унија.
Поранешната членка на ЕУ, Велика Британија, досега вакцинираше многу повеќе луѓе отколку земјите на ЕУ, пропорционално на населението.
„Она што се произведува во Халик мора да оди во ЕУ“, додаде официјалното лице.
Британија инсистираше на тоа дека договорите мора да се почитуваат.
„Европската комисија ќе знае дека остатокот од светот гледа како се однесува по ова прашање и ако се прекршат договорите и обврските, тоа е многу штетна работа за трговскиот блок кој е горд на своите закони“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас претходно за „Скај њуз“, одговарајќи на прашање во врска со заканата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, да го блокира извозот во Велика Британија.
Официјален претставник на ЕУ рече дека ЕУ не крши ниту еден договор.
Европската Унија во средата се закани дека ќе го блокира извозот на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија со цел да се заштитат оскудните дози за нејзините граѓани, а Фон дер Лајан рече дека епидемиолошката состојба се влошува.
„Астразенека“ им соопшти на официјалните претставници на ЕУ дека Велика Британија користи клаузула во договорот за снабдување што спречува извоз на вакцините сè додека британскиот пазар не биде целосно покриен, соопштија претставници на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина
Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти.
Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24.
Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен сообраќај (ПАНСА).
Како што објавија украинските медиуми, руските војници утрово масовно ја напаѓаат Украина со ударни беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога, објавува Танјуг.
Свет
Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат
Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи дека авионот буквално би можел да биде „хакиран“ како Ајфон, објавија холандските медиуми, повикувајќи се на неговите изјави во подкаст.
На прашањето дали Европа би можела да го модифицира Ф-35 без одобрение од САД, Туинман одговори: „Тоа не е поентата… Ќе видиме дали Американците ќе го покажат своето вистинско лице“, рече Туинман.
„Ќе кажам нешто што никогаш не треба да го кажам, но сепак ќе го направам. Исто како Ајфон, Ф-35 може да биде хакиран. Нема да кажам ништо повеќе за тоа“, додаде министерот.
BIG: Dutch Defence Minister Gijs Tuinman hints that software independence is possible for F-35 jets.
He literally said you can “jailbreak” an F-35.
When asked if Europe can modify it without US approval:
“That’s not the point… we’ll see whether the Americans will show… pic.twitter.com/f11cGvtYsO
— Clash Report (@clashreport) February 15, 2026
Во истото интервју, Туинман нагласи дека Ф-35 е навистина заеднички производ на неколку земји. „Ф-35 е навистина заеднички производ. Британците произведуваат мотори на Ролс-Ројс, а на Американците едноставно им се потребни“, рече тој.
Министерот не појасни дополнително што точно подразбира под можноста за „хакирање“ на авиони, но неговите изјави доаѓаат во време на заладување на трансатлантските односи и притисок од Вашингтон врз европските земји да преземат поголем дел од товарот на одбраната и безбедноста на континентот.
Досега, Израел е единствената земја за која се знае дека успешно преговарала за правото да инсталира сопствен развиен софтвер во своите авиони Ф-35, кои сè уште се сметаат за најнапредни на пазарот.
Свет
Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина
Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски Држави и Русија, нагласувајќи дека патот до договор ќе биде сложен и неизвесен.
Во интервју за чешкиот портал Odkryto.cz, Павел оцени дека приближувањето на позициите на Киев, европските престолнини и Вашингтон е значајно поместување во споредба со претходниот период, обележан со бројни контрадикторни изјави и различни пристапи кон решавање на кризата. Сепак, како што истакна, клучното прашање не е усогласување на позициите на Украина и нејзините сојузници, туку постигнување договор за условите на мировниот договор со Москва како завојувана страна.
Според него, Русија досега покажала мала подготвеност за преговори и компромиси, инсистирајќи на, како што изјави, „максималистички барања“. Поради оваа причина, тој повика на зголемен политички, финансиски и економски притисок врз Москва, заедно со континуирана воена поддршка за Киев.
Во меѓувреме, беше најавена третата рунда трилатерални разговори меѓу претставници на Украина, Русија и САД, која ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека фокусот на разговорите ќе биде на територијалното прашање, кое во моментов се покажува како најчувствителна точка во обидите за наоѓање политичко решение. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го потврди истото, посочувајќи дека статусот на спорните територии ќе биде централна тема на претстојните консултации.
Оценувајќи ја моменталната динамика, Павел рече дека, и покрај одредено приближување на позициите на западните сојузници, вистинскиот предизвик допрва доаѓа – доколку не се постигне договор со Москва за основните принципи на идниот договор, сите дипломатски напори досега би можеле да останат без конкретен резултат.
Фото: ЕПА

