Вести
Каиро демантира дека се најдени траги од експлозија на рускиот авион

Истражителите не откриле никакви знаци коишто би укажувале на експлозија на рускиот авион кој се урна во саботата на Синајскиот полуостров со 224 патници и членови на екипажот, изјави во четвртокот египетскиот министер за цивилно воздухопловство Хусам Камал, а властите во Каро добиле уверување од официјален Вашингтон дека информациите за експлозија во рускиот авион „не го одразуваат ставот на САД во врска со причините за несреќата“.
Авионот од типот „Airbus А321“ на компанијата „Когалимавиа“ на летот 9268 од египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк до Санкт Петербург се урна во саботата утрото околу половина час по полетувањето во северниот дел на Синајскиот полуостров, стотина километри од градот ал-Ариша. Во авионот имаше 217 патници, од кои 25 деца, и седум членови на екипажот, од кои тројца државјани на Украина, еден на Белорусија и сите други на Русија, што е најголемата несреќа во историјата на руската и советската цивилна авијација.
„Хипотезата за експлозија во рускиот авион не се заснова на факти, истражителите не наидоа на никакви докази или податоци коишто би ја поткрепиле оваа верзија“, изјавил министерот за агенцијата РИА.
Истовремено, претставник на египетската влада за Reuters изјавил дека египетските власти добиле уверување од САД дека податоците за причината за уривањето на рускиот авион во американските медиуми не ја одразуваат официјалната позиција на Вашингтон.
Во средата американската телевизиска мрежа CNN и агенцијата Associated Press, повикувајќи се на извори од американското разузнавање објавија дека во рускиот авион кој се урна на Синај, најверојатно експлодирала бомба, подметната од терористи.
Во писмената изјава што ја примил официјален Каиро, американскиот државен секретар Џон Кери, исто така, укажал дека „официјални изјави на Стејт департментот во врска со причините за уривањето на A321 над Синајскиот полуостров не се дадени“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.