Спорт
Таткото на Ѓоковиќ се жали: Како е возможно Федерер 15 пати да биде најфер играч!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, повторно даде интервју во кое тврди дека тениската елита е контра син му, што најдобро го покажува тоа што тој никогаш не ја освоил наградата „Штефан Едберг“ на АТП за најфер тенисер во една календарска година.
Во интервју за хрватскиот весник „Јутарњи“, Срѓан Ѓоковиќ вели дека се работи за нарушување на стариот поредок.
„Во текот на целата кариера тој во односот со домаќините и противниците покажа дека е, пред сѐ, добар човек, добар дечко. Кој, освен Новак, го гушка противникот и му вели браво, секоја чест. Новак секогаш го прави тоа. И колку пати ја доби АТП-наградата за ферплеј, а колку Федерер? Па, 15 пати. Страшно“, вели Срѓан Ѓоковиќ.
Тој исто така се осврна на Австралија опен, каде што Ѓоковиќ ја освои 18-тата гренд слем титула во кариерата и 9-та на турнирот во Мелбурн, но беше во центарот на вниманието поради контроверзните „барања“ додека беа во хотелска изолација и наводното „лажирање“ повреда.
„Тие навиваа против осумкратниот шампион во Мелбурн. Но, видете, Новак е ментална грамада и не може да му направите ништо кога е концентриран. Зошто во Кина игра најдобро? Таму чувствува љубов и приврзаност, во Индија е бог, исто како во Јужна Америка и Африка. Па не е западниот свет цел свет“, додава постариот Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com
Спорт
ПСЖ мора да го продаде Донарума

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?
Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.
По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.
Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.
Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.
Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.