Европа
Oфицијална Москва: Moжно е да протераме бугарски дипломати
Русија ги повикува бугарските власти да престанат со лов на вештерки што им штети на нивните национални интереси, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи го потегот на Софија за прогласување на персонал во руската амбасада за персона нон грата.
„Уште еднаш ја повикуваме Софија да престане да учествува во кампањата за лов на вештерки што им штети на националните интереси на Бугарија. Време е за враќање на конструктивната билатерална агенда, која е поприродна за односите меѓу Русија и Бугарија“, се наведува во изјавата на Захарова, пренесе агенцијата ТАСС.
Захарова во изјавата посочи дека Русија може да одговори на ист начин, на протерувањето на двајца руски дипломати од Бугарија.
Таа кажа дека во согласност со дипломатската практика, Русија го задржува правото да одговори соодветно.
Вчера бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати за да ја напуштат Бугарија, откако обвинителството истражувало шест лица за шпионажа во корист на Русија.
Министерството соопшти дека ја известило руската амбасада во Софија за својата одлука, по известувањето од Обвинителството дека двајца дипломати биле вмешани во аферата со шпионирање, објави „Ројтерс“.
Луѓето вмешани во скандалот наводно давале доверливи информации за Бугарија, НАТО и ЕУ на руската амбасада во Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.