Спорт
Конте се враќа во Премиер лигата ако Интер не му донесе засилувања?
Торинскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека Антонио Конте е подготвен да си замине од Интер по крајот на сезоната доколку не добие гаранција за нови засилувања, а можно е враќање во Премиер лигата во Тотенхем и Манчестер јунајтед.
„Неаѕурите“ се шест поени пред Милан на врвот на Серија А и тоа со натпревар помалку како најголеми фаворити за симнување на круната на Јувентус.
Меѓутоа, тие испаднаа бргу од Лигата на шампионите уште во групната фаза, а Конте постојано зборува за недостигот на инвестиции во клубот и мораше да најде нови позиции на фудбалерите што не му беа пожелни, како Кристијан Ериксен и Иван Перишиќ.
Бидејќи кинескиот газда „Сунинг“ има проблем со ликвидноста и подолго време бара инвестициски партнер, се очекува да има ново тивко лето во врска со засилувањата, нешто што може да го натера Конте да замине, слично како од Јувентус по освојувањето на скудето во 2014 година.
Конте има договор од 12 милиони евра од сезона, нешто што ниту еден италијански клуб не е подготвен да го плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
„Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни.
„Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на репрезентацијата и на македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија, ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт.“
„На заедничко задоволство, ќе ја продолжам соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на репрезентацијата, особено во мојата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за довербата и поддршката што ми е укажана.“
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност, ќе продолжиме да работиме на напредокот на репрезентацијата и достојно претставување на Македонија, со фокус на стабилност и долгорочни резултати., рече селекторот Лазаров.
Foto/ EPA/Christopher Neundorf
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA

