Топ
Уапсени корисници на хероин и нивниот дилер од Богданци
На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, во претпладневните часови на 23 мaрт, полицијата уапсила три лица – Н.М.(33) и И.М.(48) од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.
Како што информираат од МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на куќа во Богданци, која ја користел Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки од канабис, пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на дрога.
Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут
Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток!
🕑 19:20 Либанскиот премиер го осуди израелскиот напад во кој загина Насралах
Наџиб Микати, привремениот премиер на Либан, ги осуди воздушните напади во петокот во кои загинаа и либански цивили во населбата Дахије во Бејрут. Во телевизиска изјава, Микати го повика либанскиот народ да „стојат обединети пред агресијата“, бидејќи земјата и понатаму е на работ на хуманитарна и економска криза. Говорејќи на итниот состанок на владата што го свика по враќањето од Генералното собрание на ОН во Њујорк, Микати, исто така, најави дека сите државни институции ќе бидат затворени во понеделник.
🕑 19:15 Германија: Дестабилизацијата на Либан „не е во безбедносниот интерес на Израел“
Германската влада соопшти дека убиството на Насралах во бранот израелски напади врз Либан може да има негативни последици за сопствената безбедност на Израел. Во интервју за германскиот ТВ канал АРД, министерката за надворешни работи Аналена Баербок рече дека „многу опасната“ ситуација по убиството на Насрала „се заканува со дестабилизација на целиот Либан“. „Тоа во никој случај не е во безбедносниот интерес на Израел“, рече таа.
🕑 19:12 Заканувачка порака упати врховниот лидер на Иран
„Со милоста и моќта Божја, ударите на Фронтот на отпорот врз истрошеното, распаднато тело на ционистичкиот режим ќе станат уште позагрозувачки“, рече врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи за шефот на Хезболах, Хасан Насралах. Тој продолжи и додаде: „Грозниот ционистички режим не стана победник со извршувањето на ова злосторство“.
The foul-natured Zionist regime has not become victorious by carrying out this atrocity.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) September 28, 2024
🕑 18:35 Смртта на Насралах е „мерка за правда“, вели Бајден
Американскиот претседател во изјавата рече:
„Хасан Насралах и терористичката група што тој ја предводеше, Хезболах, беа одговорни за убиството на стотици Американци во текот на четиридецениското владеење на теророт. Неговата смрт од израелски воздушен напад е мерка за правда за неговите многубројни жртви, вклучително и илјадници Американци, Израелци и либански цивили. САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од Хезболах, Хамас, Хутите и сите други терористички групи поддржани од Иран“.
🕑 18:32 Русија вели дека Израел сноси целосна одговорност за „речиси неизбежната“ ескалација
Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди „уште едно политичко убиство“ од страна на Израел, мислејќи на убиството на Насралах.
„Оваа насилна акција е полна со уште поголеми драматични последици за Либан и за целиот Блиски Исток. Израелската страна не можеше да не ја препознае оваа опасност, туку презеде чекор за убиство на либански граѓани, што речиси неизбежно ќе предизвика нов излив на насилство. Така, таа сноси целосна одговорност за подоцнежната ескалација“, се вели во соопштението на Министерството.
🕑 18:16 Убиен уште еден висок член на Хезболах, соопшти израелската војска
Израелските одбранбени сили соопштија дека елиминирале висок член на „разузнавачката низа“ на Хезболах.
„ИДФ елиминираше висок терорист од разузнавачката низа на Хезболах кој беше одговорен за идентификација на цивилни и воени цели, Хасан Калил Јасин, висок терорист во разузнавачката низа на Хезболах, во напад во областа Дахие во Бејрут. Како дел од својата улога, Јасин интензивно соработуваше со сите офанзивни единици на Хезболах, беше лично вклучен во планирањето на терористички напади кои беа извршени за време на војната против израелските цивили и војници и планираше дополнителни напади што треба да се извршат во наредните денови“, се вели во соопштението.
🕑 17:47 Иран прогласува петдневна жалост
Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, прогласи петдневна жалост по убиството на Хасан Насралах, лидерот на Хезболах.
Тој рече дека крвта на Насралах „нема да остане неодмаздена“.
🕑 17:43 Атентатот на Насралах „оправдан“ како антитероризам
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насралах е „една од најоправданите антитерористички акции што Израел некогаш ги презел“.
Тој рече дека Насралах „го посветил својот живот на уништување на Израел“ и водел повеќе од 30 години „терористичка активност против Израел“.
Насралах „заслужи да биде симнат, и добро е што беше“, рече министерот и додаде: „Ќе продолжиме да ја чуваме безбедноста на Израел“.
🕑 17:42 „Не чекаат предизвикувачки денови“, рече началникот на израелската армија по убиството на Насралах
Началникот на израелската војска Херзи Халеви изјави дека Израел го чекаат „предизвикувачки денови“ по потврдата за убиството на Насралах.
Халеви ја заврши проценката на ситуацијата во Северната команда во Израел и рече дека неговите сили се на „највисока подготвеност“ офанзивно и одбранбено како подготовка за можна одмаздничка акција.
„Ние сме решени да продолжиме да ја уништуваме терористичката организација Хезболах и да продолжиме да се бориме. Ни претстојат повеќе мисии на сите фронтови – уништување на терористичките организации и нивните способности, враќање на нашите заложници.
„Мисијата е постојано пред нашите очи. Како и безбедно враќање на жителите на север и југ во нивните домови“, рече Халеви.
🕑 17:25 Нов израелски воздушен напад во областа Дахије во либанскиот главен град Бејрут
Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад во областа Дахије во Бејрут.
Тоа е округот што Израел го нападна и вчера попладне, што резултираше со атентат на лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
🕑 17:09 Експлозии во Израел, луѓето бегаат во паника
Експлозии се слушнаа откако се огласија сирените во централниот дел на Израел, јавува Ројтерс. Сирените за воздушен напад ечат во Тел Авив и централен Израел. Снимките објавени на социјалната мрежа „Х“ покажуваат како луѓето бегаат во паника за да се засолнат.
⚡️Terrorist rats running in Tel Aviv following sirens pic.twitter.com/N0oQfOKW6H
— War Monitor (@WarMonitors) September 28, 2024
Ballistic missile attacks targeting Israel are being launched from Yemen. Sirens have begun to sound in Tel Aviv, and residents are rushing to shelters. pic.twitter.com/SC5zgELYoQ
— Gaza Notifications (@gazanotice) September 28, 2024
На мапа со црвено се означени таргетираните точки, а во објавата пишува „Масивен удар врз Тел Авив се случува токму сега, најверојатно од Хезболах“.
🚨 Massive strike on Tel Aviv happening right now, likely by Hezbollah pic.twitter.com/nW4xx2jNEc
— Iran Observer (@IranObserver0) September 28, 2024
Македонија
Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите
Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата.
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Свет
Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите
Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите во сојузните држави Мичиген и Висконсин.
Како што пренесува Ројтерс, државите Мичиген и Висконсин се сметаат за клучни за исходот на претседателските избори. Според резултатите од ова истражување, Харис има 48 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи во Мичиген, додека Трамп има 47 отсто во таа држава.
Харис има нешто поголема поддршка од гласачите во Висконсин, 49 отсто до 47 отсто од републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД. Анкетите покажуваат дека Трамп покажа сила во сферата на економските прашања кои се сметаат за најважни за гласачите, пред прашањата поврзани со репродуктивните права.
Анкетите покажаа дека предноста што ја имаше Харис на почетокот на август е малку намалена со инсистирањето на Трамп на економски прашања, што може да биде загрижувачки развој на настаните за актуелниот потпретседател на САД пред изборите во ноември, со оглед на тоа што економијата е најмногу важно прашање што ги придвижува гласачите, според Блумберг.
Анкетите биле спроведени телефонски меѓу 21 и 26 септември меѓу 688 веројатни гласачи во Мичиген и 680 во Висконсин, пренесува Танјуг.