Македонија
(Видео) Жугиќ: Функционерите продолжуваат да си делат тендери помеѓу себе

Советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, вели дека функционерите продолжуваат да си делат тендери помеѓу себе.
„Па така Петре Шилегов му дал тендер во вредност од еден милион денари на партнерот на Мила Царовска со цел снимање со дрон на зелените површини на територија на Градот Скопје. Договорот е потпишан од Петре Шилегов како градоначалник.Прашање, дали во случајот со тендерот за летање на дрон на партнерот на Царовска играле улога и некои други фактори“, прашува Жугиќ.
Според неа, непотребните расходи мора да се сведат на минимум со цел да се даде акцент пред сè на она што е потребно за борба против пандемијата со коронавирусот.
Таа истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје упатуваат повик до државната комисија за спречување криминал да отвори предмет и да го испита во целост тендерот за летање со дрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.