Македонија
Нови 1.347 случаи на коронавирус во Македонија, 17 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.347 нови случаи на коронавирус, 17 лица починаа, а оздравеле 451 лице, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.
Регистрирани се 451 оздравен пациент.
Пријавени се вкупно 17 починати лица на возраст од 23 до 90 година, и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и од Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.