Македонија
Досега самопопишани 137.111 лица во дијаспората
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, денеска одржаа работен состанок посветен на тековните активности поврзани со самопопишувањето на македонските државјани. Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1 март, а ќе заврши на 21 април.
Утрово, бројката на самопопишани изнесуваше 137.111 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102 за само еден ден.
Од Владата соопштија дека на состанокот било истакнато дека двете институции се задоволни од досегашниот одѕив и дека очекуваат оваа бројка да се зголемува постојано.
„Државниот завод за статистика, како и Агенцијата за иселеништво, се во редовна комуникација со дијаспората и постојано се достапни за одговор на сите нивни прашања и дилеми. Двајцата директори уште еднаш ја истакнаа важноста од попишувањето на македонските државјани, кои подолго од една година живеат во странство. На тој начин тие имаат можност да се впишат во базата на нерезидентно население, а овие податоци на државата ѝ се потребни за соодветно планирање и подобрување на услугите што дипломатско-конзуларните претставништва ги нудат, како и за подобрување на политиките внатре во државата“, се наведува во соопштението.
Симовски и Близнаковски апелираа до сите фактори во општеството да се приклучат на повикот кон дијаспората да ја искористи оваа едноставна можност и да се попише во што поголем број.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.