Спорт
Видал си оди од Интер по само една сезона?
Беше желба на Антонио Конте минатото лето, а веќе ова, по само една сезона, можно е да го напушти Интер.
Искусниот играч од средниот ред, Артуро Видал, во септември дојде на „Меаца“, обезбеди место во првата постава, но на крајот на 2020 Кристијан Ериксен му го зема местото стартер.
Во последните 8 меча во Серија А, Видал од првата минута настапи само на две средби. На преостанатите 6 средби се на се одигра 58 минути.
Конте сѐ помалку смета на него, па „Кориере дело спорт“ пишува дека, најверојатно, налето тој ќе го напушти миланскиот клуб.
Дополнителна причина за раскинување претставува и неговата плата, која од 5 порасна на 6,5 милиони евра, што претставува луксуз за „неазурите“, пред сѐ, за играч што не е од особена важност за наредната сезона.
Француски Олимпик Марсеј ја следи состојбата со Видал, а новиот тренер на екипата, Хорхе Сампаоли, наводно контактирал со Чилеанецот со кого соработуваше и додека беше на чело на оваа селекција.
Покрај француската екипа, за Видал се интересираат и од Галатасарај, односно Фламенго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).
Спорт
(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.
Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.
На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.
Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.
„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:
„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“
Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.
Спорт
FourFourTwo: Пикси Стојковиќ е најлош од сите селектори на Евро 2024
Сезоната на клупскиот фудбал полека привршува, а стартот на Европското првенство во Германија е се поблиску. За точно 38 дена во Минхен ќе се одигра првиот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска.
Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ во пресрет на првенството објави список на селекторите на сите репрезентации кои според нивната проценка ги рангираше од најдобар до најлош. На првото место е Дидие Дешамп (Франција), а зад него се Лучијано Спалети (Италија) и Јулијан Нагелсман (Германија). Најлош од сите сите селектори според „FourFourTwo“ е Драган Стојковиќ.
Рангирање на сите екипи на Евро според „FourFourTwo“:
1. Дидие Дешамп (Франција)
2. Лучијано Спалети (Италија)
3. Јулијан Нагелсман (Германија)
4. Герет Саутгејт (Англија)
5. Златко Далиќ (Хрватска)
6. Роберто Мартинез (Португалија)
7. Доменико Тедеско (Белгија)
8. Луис де ла Фуенте (Шпанија)
9. Каспер Хјулманд (Данска)
10. Марко Роси (Унгарија)
11. Стив Кларк (Шкотска)
12. Роналд Куман (Холандија)
13. Силвињо (Албанија)
14. Винченцо Монтела (Турција)
15. Вили Сањол (Грузија)
16. Ралф Рангник (Австрија)
17. Франческо Калцона (Словачка)
18. Едвард Јорданеску (Романија)
19. Сергеј Ребров (Украина)
20. Матјаж Кек (Словенија)
21. Мурат Јакин (Швајцарија)
22. Михал Пробиерц (Полска)
23. Иван Хашек (Чешка)
24. Драган Стојковиќ (Србија)