Свет
Откриени 29 милиони вакцини на „Астра зенека“ во фабрика во Италија, ЕУ бара објаснување

„Астра зенека“ објави дека во фабрика во Италија се пронајдени 29 милиони дози вакцини наменети за Европската Унија и за донации во посиромашните земји преку програмата „Ковакс“, предводена од Светската здравствена организација (СЗО).
На барање на Европската комисија италијанските безбедносни сили извршија инспекција за време на викендот во фабриката „Каталент“ во Анањи во близина на Рим и таму пронајдоа вакцини од „Астра зенека“, пишува „Ла Стампа“. Италијански официјален претставник подоцна го потврди извештајот за инспекцијата и рече дека дозите ќе бидат испратени во Белгија.
Серијата реакции на извештајот покажуваат ниво на недоверба кон англо-шведскиот производител, што го намали снабдувањето со вакцини во Унијата до крајот на јуни на 100 милиони дози наместо 300 милиони дози според договорот.
Пронајдените 29 милиони дози вакцина се доволни за вакцинирање 14,5 милиони луѓе.
„За време на инспекцијата биле пронајдени 30 милиони вакцини, кои се запленети“, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал.
„ЕУ нема да страда поради туѓите грешки во врска со вакцинацијата“, нагласи тој.
Европратеникот Питер Лизе од истата партија со германската канцеларка Ангела Меркел рече дека извештајот го оставил без зборови и ја повика „Астра зенека“ да ја разјасни ситуацијата.
Компанијата објасни денес дека повеќето дози од фабриката „Каталент“ се наменети за ЕУ, а остатокот е за посиромашните земји преку програмата „Ковакс“.
Марио Гаргиуло од „Каталент“ за „Ројтерс“ изјави дека поседувањето 29 милиони дози вакцина во фабриката е во согласност со вообичаената постапка и дека компанијата често има повеќе дози таму. Европската комисија одби да го коментира случајот.
УНИЦЕФ, во име на програмата за размена на вакцини „Ковакс“, објави дека закажаната достава на вакцини до сите земји, вклучително и Виетнам, мора да се одложи поради доцнење во производството.
Официјален претставник на ЕУ рече дека некои дози пристигнале во фабриката во Италија од холандска фабрика за вакцини управувана од „Халикс“, подизведувач за „Астра зенека“. Фабриката во Анањи е задолжена за пакување на вакцините произведени во фабриката „Халикс“ и во фабриката во Белгија, управувана од подизведувачот „Термо Фишер Синсиенл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Застрелан сојузник на Трамп

Чарли Кирк, влијателен десничарски активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на Turning Point USA (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали.
Снимките што кружат на социјалните медиуми го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор во дворот на универзитетот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на пукотници. Кирк настапи таму како дел од турнејата American Comeback, организирана од локалниот огранок на TPUSA.
Неговиот тим потврди за Fox News дека е погоден, но неговата состојба во овој момент е непозната. Универзитетската полиција потврди дека се испукани куршуми, а ФБИ соопшти дека агентите брзаат на местото на настанот и целосно ја поддржуваат истрагата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потврди веста дека конзервативниот активист и неговиот сојузник Чарли Кирк е ранет и повика на молитва.
„Сите мора да се молиме за Чарли Кирк, кој беше застрелан“, напиша тој на Truth Social. „Одличен човек од глава до пети. БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ!“
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, повика на молитви за Кирк, нарекувајќи го „добар човек и млад татко“, додека министерот за одбрана, Пит Хегсет, рече: „Нека раката на Исус Христос го допре“.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го осуди нападот и рече дека е „одвратен, гнасен и срамен“. Сенаторот од Јута, Мајк Ли, рече дека внимателно ја следи ситуацијата и повика на молитви за Кирк и студентите кои беа таму.
Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.