Вести
Шест убиени во нов напад на девојченце самоубиец во Нигерија

Најмалку шест луѓе се убиени , вклучително и напаѓачката, а десетина се ранети во неделата во североисточниот нигериски град Потискум, кога девојченце на контролен пункт на безбедносните сили активирала експлозивен елек, соопштиле очевидци.
„Одбила да биде проверена на влез во пазарот и следеше расправија. Потоа го активираше експлозивот и се уби себеси и уште пет други луѓе“, изјавил за Reuters очевидецот Ибрахим Маишаго. По експлозијата десетина лица биле веднаш префрлени во болница, но засега не е позната нивната состојба. Агенцијата AFP пренесува дека најмалку 19 луѓе биле хоспитализирани
Други очевидци тврдат дека станува збор за „мало девојченце“, коешто, како штоп проценуваат, не можело да има повеќе од осум години. Засега никој не ја презема одговорноста за овој бомбашки напад кој според безбедносните служби ги има сите карактеристики на терористичките кати што ги применува радикалната исламистичка група Боко Харам.
Познато е, исто така, дека Боко Харам последните шест години откако го започна својот бунт за воспоставување држава во којашто ќе владее строгиот шеријатски закон, сé почесто врбува жени и девојчиња за изведување на атентати.
Така, кон средината на јануари две женски деца бомбаши самоубијци се разнесоа со експлозив на пазар во североисточна Нигерија и притоа убија три лица. Ден претходно во идентичен напад со бомба се разнесе десетгодишно девојченце при што загинаа 19 луѓе а уште 20 се ранети, во експлозија на преполниот пазар во градот Мајдугури, административен центар на североисточната сојузна држава Борно, којашто ја предизвика со импровизирана експлозивна направа прицврстена на нејзиното тело./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.