Македонија
Заев: Не е патриотски да се бојкотира, туку самиот попис е патриотски чин
Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во парламентот повика на одговорност од сите политички субјекти и поддршка на претстојниот попис.
„Апелирам на одговорност од сите, оваа работа треба да ја завршиме сите. Оној што ќе апелира за седење дома или тајно ќе работи во таа насока, прави атака врз својот народ и својата етичка заедница“, оцени Заев.
Тој рече дека не е патриотски да се бојкотира, туку пописот е патриотски чин бидејќи во графите за попис стои Македонци, а добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и ги повика сите да излезат да се попишат.
„Патриотски е и сите политички фактори, од која било партија и етничка определба, најгласно што може, да испратат порака за поддршка на пописот,ж како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна државна статистичка операција. Ако велиме дека е најважно граѓаните на Северна Македонија да се попишуваат, очекуваме пораката за задолжително учество во пописот да ја испратат и сите домашни политичари – вклучително и политичарите од домашната опозиција. Тоа е должност кон семејството, заедницата, државата. Каде ни е одговорноста кон татковината?!“, порача премиерот.
Тој објасни дека пописот е многу важен бидејќи државата со години ги нема точните податоци врз основа на кои ќе се креираат социјални политики, пензиска политика, раст и развој на земјата, инвестициите…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

