Црна хроника
Убиени двајца познати бизнисмени во Албанија

Во градовите Драч и Буклиза во Албанија убиени се во понеделникот претпладне двајца познати бизнисмени, албански државјани.
Првото убиство се случи околу 9 часот во албанскиот туристички центар Драч кога врз 40-годишниот бизнисмен Плаурант Цани, познат претприемач во градежништвото, напад извршиле две лица во моментот кога Цани пиел кафе во еден угостителски објект.
Второто убиство се случило во градот Буклиза, а жртва е 41-годишниот бизнисмен Ќерим Марку, кој менаџира со компанија за хром. Во нападот, исто така, е потешко рането уште едно лице.
Прелиминарните истражни дејствија посочуваат дека и во двата случаи станува збор за расчистување сметки поради конкуренцијата во бизнисот. Полицијата објави дека започнала интензивна и голема потрага по убијците./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.