Македонија
МТСП: До крајот на месецот ќе се изврши усогласување на минималната плата
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека најостро ја демантира изјавата на Сојузот на синдикатите на Македонија, во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година.
Од МТСП додаваат дека усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минималната плата и предвидените критериуми најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година.
За таа цел, наредната недела ќе се одржи и седница на Економско-социјалниот совет.
Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една пригода не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата. Тоа е законска обврска, која целосно ќе биде спроведена.
Во однос на примената на измените на Законот за работните односи во делот на недела неработен ден, ставот на Владата е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

