Свет
(Видео) Пожар во ковид-болница во Индија, голем број загинати

Најмалку 10 луѓе загинаа во пожар во приватна клиника, која лекува пациенти со Ковид-19 во Индија.
Nine COVID patients dead in a Mumbai hospital fire https://t.co/bUTuEWNCIe pic.twitter.com/T242k6736X
— Reuters India (@ReutersIndia) March 26, 2021
Пожарот избувнал синоќа на приземјето на трговски центар во Мумбај и бргу се проширил низ зградата до катот на кој се наоѓала болницата „Изгрејсонце“, што предизвика евакуација на 70-ина пациенти.
Many dead in fire at COVID hospital in India’s Mumbai https://t.co/ABXGw7Hoch
— Green Bird (@kabirspeaks) March 26, 2021
Во моментот на пожарот на клиниката имало најмалку седум пациенти поврзани со механичка вентилација.
Засега не е познато дали загинатите биле лекувани од Ковид-19, а роднините набргу ќе ги идентификуваат нивните тела, пренесе „Раша тудеј“.
दुखद: मुंबई में एक अस्पताल में आग लगने से इसमें 11 लोगों की दर्दनाक मौत हो गई है। घटना भांडुप इलाके की है। यहां के एक मॉल के तीसरे मंजिल पर एक अस्पताल था। यहां 70 से अधिक मरीज भर्ती थे। इनमें से ज्यादातर कोरोना से संक्रमित थे।#MumbaiFire pic.twitter.com/NWychJnnnF
— Kaushlendra Jha (@LiveKaushlendra) March 26, 2021
Повеќе од 20 противпожарни возила беа испратени на местото на пожарот, а истрагата за неговата причина е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.