Свет
Војската во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во главата

Воената хунта во Мјанмар предупреди денеска дека припадници на нејзините сили ќе пукаат во главата на демонстрантите, објави државната телевизија.
„Треба да знаете дека може да бидете во опасност да ве застелаат во главата и грбот“, соопшти водителот на МРТ, пренесува „Ројтерс“, истакнувајќи дека ова е прво признание дека имало наредба за пукање да се убие.
Претходно денес, безбедносните сили на Мјанмар застрелаа и убија тројца демонстранти против владејачката воена хунта.
Според сведоците, две лица биле застрелани во главата.
Најмалку 320 лица се убиени во судири од воениот удар на 1 февруари, според активистите на Здружението за помош на политичките затвореници.
Светската банка претходно предупреди дека домашниот бруто-производ на Мјанмар годинава може да падне 10 % поради кризата во таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција. Според Flight Radar, авионот се урнал само неколку секунди по полетувањето.
Во соопштението се наведува дека на летот имало 242 лица, вклучувајќи двајца пилоти и 10 членови на кабинскиот екипаж.
WATCH: Air India plane carrying 242 people crashes in Ahmedabad while taking off for flight to London pic.twitter.com/KyLVZaV6i7
— BNO News (@BNONews) June 12, 2025
Капетанот имал 8.200 часа искуство во летање. Придружникот (копилотот) имал 1.100 часа искуство во летање.
Авионот полетал од Ахмедабад во 13:39 часот по локално време од пистата 23.
Тие испратиле итен повик до контролата на летот, но потоа немало одговор од авионот.
По полетувањето, авионот се урнал надвор од периметарот на аеродромот, пренесуваат светските медиуми.
Портпаролот на Меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад изјави дека аеродромот моментално не е оперативен. Сите воздушни операции се суспендирани до понатамошно известување.
Страницата за следење на летови Flightradar24 објави дека станува збор за Боинг 787-8 Дримлајнер, еден од најмодерните патнички авиони денес.
„Моментално ги утврдуваме деталите и ќе споделиме дополнителни информации“, напиша Ер Индија на X.
Авионот полетал од аеродромот во Ахмедабад и бил на пат кон Лондон.
Флајт Радар известува дека авионот се урнал само неколку секунди по полетувањето.
Би-Би-Си известува дека сцените се хаотични. Во тек е спасувачка операција на локација многу блиску до аеродромот.
Службите за итни случаи се насекаде. Патиштата се блокирани.
Сведоци велат дека слушнале гласна експлозија и виделе како се крева црн чад. Многу луѓе почнале да се собираат. Волонтери од областа се обидуваат да помогнат колку што можат.
Ер Индија според написите ги објави националностите на патниците на летот.
Во летот имало 169 индиски државјани, 53 британски државјани, еден канадски државјанин и седум португалски државјани.
Авиокомпанијата вели дека повредените се транспортираат во најблиските болници, јавува Би-Би-Си.
Свет
Џефри Сакс: Украина ја уништуваат нејзините „пријатели“

Американскиот економист Џефри Сакс ги обвини западните сојузници на Украина за уништување на земјата.
„Таканаречените „пријатели на Украина“ целосно ја уништуваат охрабрувајќи ја да продолжи да се бори“, рече Сакс, директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, во интервју за Такер Карлсон.
„Тоа е како тренер по бокс кој постојано го враќа поразениот борец во борбата сè додека не го доврши“, додаде тој.
Економистот нагласи дека Западот продолжува да охрабрува војна и покрај катастрофалните последици за Украина.
Свет
(Видео) Објавена снимка од падот на авионот на „Ер Индија“ со 244 патници

Снимка од падот на авионот на „Ер Индија“, кој леташе за Лондон со 244 патници и членови на екипажот, беше објавена на социјалните мрежи. Авионот се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад.
Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.
A plane crash is reported in India. According to media sources, from 240 to 290 people were on board.
There is no information on injured or dead yet. The plane crashed in the residential area.
What a tragedy. pic.twitter.com/upI7jB4w4W
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 12, 2025
Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и беа видливи од голема далечина.
Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, веднаш беа испратени на местото на настанот, а во тек е спасувачка операција.
Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната, но снимката покажува огромна експлозија по падот на авионот.