Спорт
Златан и Шведска со победа кај Косово, Италијанците без мака со Бугарија
Италија со 2:0 славеше против Бугарија во Софија за да ја забележи втората победа во квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година, а исто така во нашето соседство, Шведска предводена од Златан Ибрахимовиќ стигна до рутинска 3:0 победа над Косово.
Андреа Белоти со гол од пенал во 43. минута донесе водство за тимот на Роберто Манчини, пред Мануел Локатели да ја потврди победата во 83. минута. Во Приштина пак, Ибрахимовиќ имаше фантастична асистенција до Аугустинсон за 0:1 уште во 12. минута, а откако Александер Исак зголеми на 0:2 во 35. минута, ветеранот беше повлечен во второто полувреме, во кое с0 голот од пенал на Себастијан Ларсон беше поставен конечниот резултат.
Роберт Левандовски постигна два гола при 3:0 победата на Полска над аутсајдерот Андора, Украина и Финска одиграа интересно 1:1 реми, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Израел и Шкотска.
СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Грузија – Шпанија 1:2
Косово – Шведска 0:3
Табела: 1.Шведска 6, 2.Шпанија 4, 3.Грција 1, 4.Грузија 0, 5.Косово 0
ГРУПА Ц
Бугарија – Италија 0:2
Швајцарија – Литванија 1:0
Табела: 1.Италија 6, 2.Швајцарија 6, 3.Литванија 0, 4.С.Ирска 0, 5.Бугарија 0
ГРУПА Д
Казахстан – Франција 0:2
Украина – Финска 1:1
Табела: 1.Франција 4, 2.Украина 2, 3.Финска 2, 4.БиХ 1, 5.Казахстан 0
ГРУПА Ф
Данска – Молдавија 8:0
Австрија – Фарски Острови 3:1
Израел – Шкотска 1:1
Табела: 1.Данска 6, 2.Австрија 4, 3.Шкотска 2, 4.Фарски О. 1, 5.Израел 1, 6.Молдавија 1
ГРУПА И
Албанија – Англија 0:2
Полска – Андора 3:0
Сан Марино – Унгарија 0:3
Табела: 1.Англија 6, 2.Полска 4, 3.Унгарија 4, 4.Албанија 3, 5.Сан Марино 0, 6.Андора 0
БУГАРИЈА – ИТАЛИЈА
КОСОВО – ШВЕДСКА
ПОЛСКА – АНДОРА
ИЗРАЕЛ – ШКОТСКА
АВСТРИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.
Спорт
Реал Мадрид ја напушта Евролигата
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми.
Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години.
Според медиумите, Реал е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова ново натпреварување. Овој потег започнува нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи „НБА Европа“ би можела сериозно да ги разниша традиционалните темели на Евролигата.
Во моментов, повеќето клубови сè уште имаат желба да останат во Евролигата, но потенцијално поголемиот профит и проширувањето на брендот преку „НБА Европа“ би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.
Foto/ depositphotos

