Црна хроника
Неделава запленети 220 штеки цигари
Во средата на граничнот премин Деве Баир во автомобил со бугарски таблички управуван од Романец, македонските цариници открија 210 непријавени штеки цигари
Романскиот државјанин кој бил придружуван од сопатник негов сонародник на излез од Македонија се обиделе да ги пренесат цигарите од романско и молдавско без бандероли. Најпрвин во возилото кое од македонските цариници било селектирано по случаен избор, биле откриени 180 штеки цигари, а по информативниот разговор со двајцата под патосниците на автомобилот биле најдени и другите 30 штеки. Во четвртокто, пак, на граничниот премин Јажинце, при редовна царинска контрола на „bmw“, пријавено за влез во Македонија а управувано од лице со иницијали M.M од Тетово, во пределот позади предните седишта и пред совозачкото седиште на возилото, царинските службеници открија 13 непријавени штеки цигари со Косовски бандероли (LUCKY STRIKE, WEST, MARLBORO, BOSS).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

