Македонија
Димитров утре во официјална посета на Словенија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, утре ќе престојува во официјална посета на Љубљана.
Предвидено е вицепремиерот Димитров да има средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи, Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент, како и со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат и европратеничката Тања Фајон, со која Димитров исто така ќе се сретне за време на официјалната посета.
Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамките на актуелното трио. Поконкретно, ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство, особено проширувањето на ЕУ, кое е високо на нивната агенда.
На средбите ќе се отворат теми повразни со билатералната помош, што во континуитет ја добиваме од Република Словенија како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ-реформите така и за конкретни инфраструктурни проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

