Контакт

Свет

Италијанскиот премиер и неговата сопруга ја примија вакцината на „Астра зенека“

Објавено пред

Италијанскиот премиер, Марио Драги, и неговата сопруга Марија Серенела Капело денеска ги добија првите дози од вакцината на „Астра зенека“ во услови кога Италија ја интензивира кампањата за вакцинација.

dobivaj vesti na viber

Драги и неговата сопруга, кои имаат по 73 години, вакцините ги примиле во големиот центар за вакцинирање поставен на главната железничка станица во Рим, се наведува во кусото соопштение на кабинетот на премиерот, а пренесува „Ројтерс“.

Според последните податоци, Италија, која има околу 60 милиони жители, целосно вакцинирала 3,04 милиони луѓе, а други 3,6 милиони ја примиле само првата доза.

Италија дава околу 250.000 вакцини на ден, но Драги рече дека тој број ќе се удвои во април.

Италија беше меѓу неколкуте европски земји што ја паузираа употребата на вакцината на „Астра зенека“ на почетокот на овој месец по извештаите за 30-ина случаи на згрутчување на крвта во мозокот на луѓето што неодамна ја примиле вакцината.

Сепак, повеќето земји продолжија да ја користат вакцината на „Астра зенека“ откако Европската агенција за лекови соопшти дека нејзините придобивки ги надминуваат ризиците.

Свет

Сириската влада и Курдите постигнаа договор за прекин на огнот

Објавено пред

Од

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили (SDF) поддржани од САД, генерал Мазлум Абди, денес се согласија за сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови во северна и североисточна Сирија.

dobivaj vesti na viber

Договорот стапува на сила веднаш, соопшти сириското Министерство за одбрана.

Неодамнешните судири меѓу двете страни фрлија сенка врз значајниот договор потпишан во март меѓу SDF предводени од Курдите и новата влада на Сирија предводена од исламистите за интегрирање на регионалните сили во државните институции.

Договорот има за цел да помогне во обединувањето на земјата растргната од 14 години граѓанска војна и да го отвори патот за курдските сили, кои држат четвртина од Сирија, да се спојат со Дамаск, заедно со регионалните курдски администрации.

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара се сретна во Дамаск со специјалниот претставник на САД за Сирија, Томас Барак, и началникот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, соопшти сириското претседателство.

Разговорите, на кои присуствуваа сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал-Шибани, министерот за одбрана, Абу Касра и шефот на разузнавањето, Хусеин ал-Саламех, се фокусираа на неодамнешните случувања во Сирија, поддршката на политичкиот процес и напорите за зајакнување на безбедноста и стабилноста.

Прикажи повеќе...

Свет

Доделена Нобеловата награда за физика

Објавено пред

Од

Американските научници Џон Кларк, Мишел Деворе и Џон Мартинис ја освоија Нобеловата награда за физика за 2025 година за „експерименти што ја открија квантната физика во акција“, овозможувајќи развој на следната генерација дигитални технологии.

dobivaj vesti na viber

„Воодушевен сум. Секако, никогаш не ми падна на памет дека ова може да биде основа за Нобелова награда“, рече Кларк во на телефонска прес-конференција за да ја прослави Нобеловата награда.

„Зборувам на мобилен телефон и претпоставувам дека и вие зборувате, а една од основните причини зошто мобилниот телефон работи е целата оваа работа“, додаде Кларк.

„Овогодинешната Нобелова награда за физика обезбеди можности за развој на следната генерација квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори“, се вели во соопштението на Комитетот за доделување на Нобеловата награда.

Квантните механички однесувања се добро проучени на ниво на неверојатно мали атомски и субатомски честички, но често се сметаат за бизарни и неинтуитивни во споредба со класичната физика и нејзините многу поголеми размери.

Квантната механика ѝ овозможува на честичката да се движи директно низ бариера користејќи процес наречен тунелирање. Штом се вклучени голем број честички, квантно-механичките ефекти обично стануваат занемарливи. Експериментите на лауреатот покажаа дека квантно-механичките својства можат да се конкретизираат на макроскопска скала.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Градоначалничка на германски град тешко повредена во напад со нож

Објавено пред

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.

Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата Икс дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.

Педесет и седумгодишната Шталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија3 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија4 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија5 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ7 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија9 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија9 часа

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ10 часа

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ10 часа

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ10 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа13 часа

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа13 часа

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија1 ден

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ1 ден

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија1 ден

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет1 ден

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија1 ден

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...