Спорт
Иванишевиќ: Ноле е како лав, гледа како да те растргне на теренот!
Горан Иванишевиќ – тренерот на првиот светски тениски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ изјави дека Србинот има неверојатно јак менталитет. Хрватот кој со Новак соработува од 2019 година смета дека освојувачот на 18 грен слем титули и понатаму е гладен за големи успеси.
„Ако гледате National Geography… Тој е како лав, тој е жеден за крв, ако сака да ве изеде – ќе ве изеде. Така и Ноле, ако сака да победи, таков е на теренот. Кога излегува да игра, ако му дадете прст, ќе ве гризне, готови сте. Тоа е неверојатно да се гледа од страна. Среќен сум што сум дел од таа приказна“ вели Иванишевиќ.
Легендарниот хрватски тенисер се потсети кога првпат го видел Ѓоковиќ како игра.
„Првпат го видов кога имаше 14,5 години во академијата на Ники Пилиќ. Работев тогаш со Пилиќ во Минхен, а тој тогаш ми рече:`Слушај, имам едно момче од Србија, ќе биде број 1 во светот еден ден`. Играв со него по малку, можеб половина час. Тој ми даде чоколадо затоа што му делуваше дека сум заморен. Оттогаш ја следам неговата кариера“ рече Иванишевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда парично ги казни фудбалерите за поразот од Брага
Српскиот шампион, Црвена звезда, вчера загуби во Брага (2:0), во третото коло во Лига Европа. Црвено-белите по три рунди имаат само еден бод и ќе имаат тешка задача да изборат пласман во нокаут фазата.
Резултатот на „Мунисипал“ стадионот во Брага не ги отсликува реално настаните на теренот. Црвена звезда во ниту еден момент не беше конкурентна на теренот. Брага забележа рутинска победа.
Ден по натпреварот, генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, и неговите соработници одржаа непријатен состанок со играчите од првиот тим по враќањето од Брага. Играчите биле информирани дека следниот месец уплатата на сметката на сите ќе биде „пократка“ за 10.000 евра.
На состанокот, на фудбалерите им били јасно ставено до знаење дека „ваквиот став кон обврските и дресот што го носат е неприфатлив“.
Спорт
Жесток удар за Барселона пред ел класико
Лоша вест му соопштија на тренерот на Барселона, Ханси Флик, по денешниот тренинг на тимот, пред неделниот (26 октомври, 16:15) Ел Класико против Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Според извештаите на неколку шпански медиуми, Бразилецот Рафиња дефинитивно е во„аут“ за големиот натпревар и нема да може да се појави на теренот, бидејќи, се чини, сè уште не е целосно опоравен од повредата што го мачи веќе еден месец.
Иако извештаите на шпанските медиуми од четвртокот наговестуваа дека Рафиња би можел да учествува во Ел Класико, ситуацијата денес се промени, 28-годишниот играч почувствувал болка и го напуштил тренингот на шпанскиот шампион.
Од претходно се знаеше дека дербито ќе го пропуштат Тер Штеген, Џоан Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски.
Барселона ќе биде и без суспендираниот тренер, Флик, па веројатно тимот на тернот е го води Тијаго Алкантара, кој е еден од петте помошници на Германецот.
Спорт
Хаким Зиеш се врати дома
Мароканскиот фудбалер Хаким Зиеш е нов играч на Видад, објави клубот од Казабланка.
Зијеш (32) доаѓа во клубот како слободен агент, а потпиша договор со Видад до јуни 2027 година, според африканските медиуми.
Во текот на својата кариера, мароканскиот фудбалер играше за Херенвен, Твенте, Ајакс, Челзи, Галатасарај и Ал Духаил.
Одигра 64 натпревари и постигна 25 гола за мароканската репрезентација, а беше и член на тимот што го освои четвртото место на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Видад е на второто место на табелата на мароканското првенство со 10 бода.

