Спорт
Хрватите и Португалците се намачија со аутсајдери, Белгија „збесна“ со осум гола против Белорусија!
Хрватска и Португалија се намачија за победи против апсолутни аутсајдери во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, додека Белгијците и Холанѓаните не дозволија ваква мака со големи победи.
Португалија на Кристијано Роналдо по пропуштената победа кај Србија, започна со шокантно водство на Луксембург и тоа од страна на Жерсон Родригеш, фудбалер роден во Португалија во 30. минута, пред Диого Жота да го постигне третиот гол во последните два меча за да израмни на 1:1 во финишот на полувремето. Човек на одлука за Португалија беше, секако, Кристијано Роналдо, кој во 50. минута, конечно, ги донесе гостите во водство, пред во 80. Жоао Палиња да ги постигна конечните 1:3.
Светските вице-шампиони, Хрватска, имаа уште потешка 2:0 победа над Малта, откако гостите успеаја да ги заддржат „коцкестите“ без гол цел час. Замената Иван Перишиќ во 62. минута, конечно, го погоди голот на противниците. Капитенот Лука Модриќ во 76. минута од пенал зголеми на 2:0, a Јосип Брекало во 90. минута ги постави конечните 3:0.
Белгијците немаа ваков проблем, откако во првото полувреме дадоа четири гола на Белорусија за неверојатна 8:0 победа, а со 0:7 победа се вратија Холанѓаните од гостувањето кај Гибралтар.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Азербејџан – Србија 1:2
Луксембург – Португалија 1:3
Табела: 1.Србија 7, 2.Португалија 7, 3.Луксембург 3, 4.Азербејџан 1, 5.Ирска 0
ГРУПА Е
Белгија – Белорусија 8:0
Велс – Чешка 1:0
Табела: 1.Белгија 7, 2.Чешка 5, 3.Белорусија 3, 4.Велс 4, 5.Естонија 0
ГРУПА Г
Црна Гора – Норвешка 0:1
Гибралтар – Холандија 0:7
Турција – Летонија 3:3
Табела: 1.Турција 7, 2.Холандија 6, 3.Црна Гора 6, 4.Норвешка 6, 5.Летонија 1, 6.Гибралтар 0
ГРУПА Х
Кипар – Словенија 1:0
Словачка – Русија 2:1
Хрватска – Малта 3:0
Табела: 1.Русија 6, 3.Хрватска 6, 3.Словачка 5, 4.Кипар 4, 5.Словенија 3, 6.Малта 0
ЛУКСЕМБУРГ – ПОРТУГАЛИЈА
ХРВАТСКА – МАЛТА
БЕЛГИЈА – БЕЛОРУСИЈА
ѓ
ТУРЦИЈА – ЛЕТОНИЈА
ГИБРАЛТАР – ХОЛАНДИЈА
ВЕЛС – ЧЕШКА
ЦРНА ГОРА – НОРВЕШКА
СЛОВАЧКА – РУСИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нигеријците ги добија парите, ќе играат против Габон
Фудбалската репрезентација на Нигерија ќе го игра натпреварот против Габон во плеј офот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Во вторникот, фудбалерите и стручниот штаб започнаа штрајк поради неплатени хонорари и бонуси. Побараа од Нигериската фудбалска федерација (NFF) проблемот итно да биде решен, бидејќи некои долгови дтарираат уште од 2019 година.
Тимот, предводен од ѕвезди како Виктор Осимхен и Адемола Лукман, одби да тренира во Мароко, каде што се подготвува за полуфиналниот натпревар. Според извештаите, играчите побарале исплата на посебен бонус за африканските плејоф натпревари, како и заостанати квалификациски такси за Африканскиот куп на нации во 2025 година и тековната кампања на Светското првенство.
Драмата доби среќен крај што потврди капитенот Трост-Еконг на социјалните мрежи.
„Проблемот е решен. Сите отворени финансиски прашања се решени и ние сме подготвени на теренот. Тимот е обединет и, како и досега, фокусиран на претставување на Нигерија со максимални перформанси во следните натпревари.
Бојкотот фрли сенка врз подготовките за натпреварот против Габон, кој ќе се игра во четврток на стадионот „Мулај Хасан“ во Рабат. Победата е клучна за да се одржат надежите на Нигерија за пласман на Нигерија на Светското првенство следната година во Канада, Мексико и САД.
Победникот од овој натпревар во неделното финале од африканскиот плејоф ќе игра против подобриот тим од натпреварот меѓу Камерун и ДР Конго.
Тимот што ќе триумфира во финалето ќе обезбеди место во интерконтиненталните квалификации во март 2026 година, каде што шест репрезентации ќе се борат за последните две места на Светското првенство.
Спорт
Тешки обвинувања против Барса: Лаги и измами, имаат најголем долг во историјата на спортот
Кандидатот за претседател на Барселона, Ксавиер Вилахоана, го обвини актуелното раководство на чело со Џоан Лапорта дека лаже за финансиската состојба на клубот, повикувајќи на целосна транспарентност во врска со заминувањето на Лионел Меси во 2021 година.
Според нов независен извештај, нарачан од самиот Вилахоана, долгот на каталонскиот гигант пораснал на рекордни 4,12 милијарди евра, што фрла сомнеж врз приказните за економско закрепнување и го доведува во прашање дали заминувањето на Меси било навистина чисто финансиски мотивирано, пишува „Goal.com“.
Темелите на претседателствувањето на Лапорта повторно беа потресени по објавувањето на извештајот насловен како „Економски рендген на ФК Барселона (2005-2025)“.
Деталната, независна анализа презентирана во Барселона е нарачана од Вилахоана, поранешен директор на клубот и веројатен противник на претстојните избори. Студијата ја открива загрижувачката финансиска траекторија на клубот, наведувајќи дека вкупниот долг достигнал 4,12 милијарди евра – највисок во историјата на европскиот фудбал и зголемување од дури 293% од 2021 година.
Овие податоци директно се спротивставуваат на наративот на Лапорта дека неговата администрација го „спасила“ клубот од економски колапс. Во извештајот се наведува дека дури и кога ќе се исклучи проектот „Еспаи Барса“ од 2,82 милијарди евра, оперативните и финансиските долгови сè уште надминуваат 1,3 милијарди евра, што е повеќе отколку што Лапорта наследил од администрацијата на Жозеп Марија Бартомеу.
Особено загрижува тврдењето дека клубот искористил 929 милиони евра од продажба на средства (ТВ права, студија на Барса, ВИП седишта) за финансирање на тековните операции наместо долгорочно закрепнување, што Виљахоана го нарекува „заведувачка и неодржлива“ стратегија.
За време на презентацијата на извештајот, Вилахоана остро го критикуваше начинот на кој администрацијата на Лапорта управува со финансиите и транспарентноста. Тој ја обвини администрацијата дека ја прикрива вистинската ситуација.
„Во овие четири години, Лапорта продаде речиси 900 милиони евра наследен имот. Без тоа наследство, акумулираните загуби веќе би надминале една милијарда евра, што е износ еквивалентен на вкупната вредност на сегашниот прв тим“, истакна Вилахоана.
Тој додаде дека податоците откриваат многу поделикатна ситуација од онаа што претседателот јавно ја прикажува.
„Студијата открива практики на сметководствена манипулација со цел да се претстави закрепнување што не одговара на финансиската реалност на клубот.
Вкупно, повеќе од 380 милиони евра би биле вклучени во сметките без реална основа, менувајќи ја перцепцијата за долгот и резултатите.
„Овие операции не го намалуваат вистинскиот долг; тие само го кријат. Преправањето дека бројките се избалансирани не го спасува клубот, туку го лаже клубот.“
Едно од најгласните тврдења од извештајот е дека заминувањето на Лионел Меси можеби не било само од финансиска природа. Поранешниот директор го повика Лапорта „конечно да ја каже вистината“ за причините за отпуштање на аргентинската легенда.
„Заминувањето на Меси се темелеше на финансиски причини. Се велеше дека клубот не може да си го дозволи најдобриот играч на светот. Ако причината беше финансиска, сега не ја гледам никаде“, рече Вилахоана.
„Нека Лапорта ни ја каже вистинската причина зошто Меси замина“.
Вилахоана, исто така, предупреди дека се намалуваат инвестициите во Ла Масија, познатата фудбалска академија.
„Лапорта живее од успехот на Ла Масија, а воедно ги намалува инвестициите. Од почетокот на неговиот мандат, тој ги намали инвестициите во Ла Масија од 40 милиони евра на 25 милиони евра. Ако треба да научиме нешто од оваа економска катастрофа, тоа е дека Ла Масија е најдобриот капитал на Барса“, заклучи тој.
Иако извештајот носи катастрофални податоци, пораката на Вилахоана е насочена кон обнова на клубот. Тој најави дека официјално ќе го претстави својот изборен проект на 27 ноември, нудејќи визија заснована на транспарентност, одговорност и развој на млади играчи.
Спорт
Мота ја одбил понудата да биде селектор на Србија
Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота.
Според овој извор, натурализираниот Италијанец ја одбил понудата, бидејќи бил заинтересиран за работа само во клупски фудбал.
Мота потпиша тригодишен договор со Јувентус во летото 2024 година, а бидејќи беше отпуштен од најтрофејниот италијански клуб веќе во март, тој е должен да му плаќа до истекот на договорот или до моментот додека тој не најде нова работа.
Ова значително ги одредува амбициите на човекот кој се истакна на клупата на Болоња во текот на предминатата сезона, иако во меѓувреме доби покани од Монако, Реал Сосиедад, Аталанта, Вулверхемптон и Ајакс.

