Европа
Словачката влада поднесе оставка поради набавката на руската вакцина
Словачкиот премиер Игор Матович и целата негова влада денеска поднесоа оставки со цел да ја ублажат политичката криза предизвикана од тајниот договор за набавка на руската вакцина против коронавирусот – „спутник В“.
Тоа е првата европска влада што падна поради пандемија, но коалицијата од четири партии ќе остане на власт, со што ќе се избегнат предвремени парламентарни избори.
Претседателката Зузана Чапутова ја прифати оставката и му го даде мандатот за формирање влада на поранешниот министер за финансии, Едуард Хегер, кој, како и Матович, е од партијата Обични луѓе.
Тој во неделата објави дека ќе го прифати мандатот за формирање влада.
Владината криза се случи кога на почетокот на март беше потпишан таен договор, кој Словачка го потпиша за набавка на два милиона дози од руската вакцина против Ковид-19 – „спутник В“.
Матович ја нарача руската вакцина и покрај противењето на коалициските партнери.
Словачка е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот.
Со неколку измени кабинетот на Хегер се очекува да биде ист како и на Матович, а новиот премиер може да даде заклетва оваа недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.