Македонија
Османи на средба со амбасадорот на Грција, Русос Кундурос: Што побргу отоврање на границите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со грчкиот амбасадор во земјата, Русос Кундурос.
Во фокус на разговорите се актуелностите во земјата поврзани со тековните предизвици од пандемијата и предизвиците што во таа насока се создаваат за протокот со соседна Грција. Османи ја истакна важноста од засилување на протокот на нашите превозници кон Грција имајќи го предвид значењето на пристаништето во Солун за економијата на Северна Македонија.
И покрај отежнатите услови предизвикани од пандемијата, Османи изрази надеж дека во заедничка комуникација и координација со Грција, ќе се изнајде решение, кое ќе ги задоволи интересите и потребите на бизнис-заедницата и граѓаните длабоко почитувајќи ги мерките за заштита.
Османи нагласи дека нашата држава ги следи здравствените протоколи на Светската здравствена организација, вклучително и заштитата на возачите на камиони што патуваат во Грција и до грчките надлежни институции апелира за соработка во насока на овозможување непречена размена меѓу двете земји.
Скопје и Атина будно ја следат епидемиолошката ситуација во двете земји, како и проекцијата за процесот на имунизација, кој се одвива паралелно во двете земји. Во согласност со епидемиолошката слика, беше изразена волја што побргу да се создадат можности за отворање на границите пред почетокот на летото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.