Свет
ЕУ ги блокира пратките со вакцини против Ковид-19 за Австралија
Австралискиот премиер Скот Морисон ја обвини Европската Унија за бавното вакцинирање во Австралија тврдејќи дека нејзиното блокирање на пратките со вакцини до Канбера е причина земјата да заостане далеку од планираната стапка на вакцинација, пренесува РТ.
Иако Австралија успеа да се справи со Ковид-19 преку строги ограничувања и внатрешни целосни затворања, досега успеа да администрира само 670.000 дози вакцини против Ковид-19, далеку под целта на владата за 4 милиони вакцинирани до 31 март.
Зборувајќи за неисполнетата цел, Морисон рече дека владата го напуштила првичниот план пред неколку месеци кога станало јасно дека одлуката на ЕУ да ги блокира пратките очигледно ќе влијае на планираните цели.
Во моментот ЕУ блокира повеќе од милион дози вакцини против Ковид-19, кои требаше да помогнат во ситуацијата во Папуа Нова Гвинеја и најмалку четвртина милион вакцини што требаше да пристигнат во Австралија.
Иако Канбера првично ја сфаќаше одлуката на ЕУ поради зголемувањето на бројот на случаи во цела Европа, континуираните ограничувања на извозот на вакцини предизвикаа фрустрација, а австралискиот министер за финансии, Сајмон Бирмингем, го нападна Брисел поради неговата одлука да не ги почитува правилата.
Морисон се соочува со сè посилни критики во Австралија. Критичарите ги цитираат неговите коментари дадени на почетокот од пандемијата кога тврдеше дека Канбера е на почетокот од редицата за вакцини, а неговата цел е целосно да ги вакцинира сите возрасни до октомври, што сега изгледа сè поневеројатно.
Австралискиот премиер се бранеше од овие напади, дури и од членовите на сопствената партија, тврдејќи дека тоа не е трка и ги отфрла критиките на оние што, како што вели, сакаат да си играат политика со вакцините и нивната дистрибуција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечкиот премиер најави построги безбедносни мерки по убиството
Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“.
Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“.
Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања.
„Овој сторител не стана таков преку ноќ. Тој е производ на систем што не функционирал. За да го смениме тоа, ќе биде потребна цела генерација“, изјави Голоб.
Премиерот ги повика сите политички лидери да покажат одговорност и да не ја користат трагедијата за собирање политички поени.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025

