Контакт

Македонија

Спасовски на средба со делегација на ЕУ: Со проектите финансирани преку ИПА поблиску до европските стандарди

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар, Магдалена Несторовска, денеска во МВР одржа работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија, предводени од раководителот на одделот за соработка, Никола Бертолини.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Министерството, на состанокот биле разгледани динамиката и прогресот од досегашната соработка помеѓу МВР и Делегацијата на ЕУ во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Од страна на Никола Бертолини било изразено задоволство од постигнатото во рамките на проектите што во моментот се спроведуваат во Министерството, а министерот Спасовски ѝ изразил благодарност на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка.

Проектите што се фининсирани преку ИПА се имплементација на системот за закрепнување од катастрофи и обезбедување континуитет со работата и модернизација на ИТ-инфраструктурата во седиштето на МВР, воспоставување нов прифатен центар за странци, изградба на нова зграда за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и нејзина акредитација во согласност со ISO 17025-стандардот, како и усогласување на националните системи со ЕУ и шенген-барањата во областа на граничното управување и др.

Македонија

Град Скопје најавува системско проширување на „Лајка“: 30 милиони денари за хумано решавање на проблемот со бездомните кучиња

Објавено пред

Град Скопје почнува, како што соопштува, сериозен, хуман и системски пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња преку значително проширување на капацитетите на ЈП Лајка.

dobivaj vesti na viber

Од Град Скопје информираат дека по преземањето на функцијата градоначалник, ставен е крај на досегашната практика ЈП „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, при што фокусот е насочен кон вистинско и одговорно справување со проблемот кој, како што се наведува, со години бил игнориран.

Во програмата на градоначалникот, се посочува во соопштението, предвиден е значаен фокус на ова прашање, а обезбедени се 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“ и за создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Станува збор за, како што се наведува, суштинска промена со цел постигнување конкретни и видливи резултати.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека нема да се дозволи Скопје да биде депонија за бездомни кучиња од други градови. Прашањето за нивното несовесно носење во главниот град  веќе е отворено со надлежните институции, а со воведувањето на системот „Сејф Сити“ ќе се овозможи идентификација и санкционирање на сите прекршители.

Воедно, градоначалникот упатил апел до граѓаните да бидат активен партнер во овој процес и секоја појава да ја пријавуваат, посочувајќи дека само со заедничка акција може да се воспостави функционален и одржлив систем за справување со проблемот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Објавено пред

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот, од 2018 година вели да се чуваат 25 години. И по двата закона роковите се истечени и институциите немаат обврска да ја чуваат документацијата за извозот кој се случил пред 30 години. Вака министерот за здравство Азир Алиу објасни за истрагата која се прави во Министерството за извезените мозоци од починати Македонци со психијатриска дијагноза кои во научни цели биле извезени во САД.

dobivaj vesti na viber

„Јас барам од нашата група да дојде до информации како е тоа направено, како тој материјал стигнал од една земја во друга, тука е нашето. Но, има и втор момент за кој морам да ве информирам, според стариот закон до 2018 година сите материјали, административни документи законски било да се чуваат 15 години. Од 2018 година, според ЕУ  директивите, сите документи кои се поврзуваат со таков тип биолошки материјал треба да се чуваат 25 години. Ако земеме и новиот и стариот закон, а се работи за проект пред 30 години, се плашам дека можеби некоја институција може и да ги нема тие документи архивирано“, рече министерот Алиу.

Лично мислење на министерот е дека има мали можности за злоупотреби во целиот процес оти се работи за истражувачки проект меѓу две земји.

„Втората земја е САД каде што има многу јасно дефинирани протоколи кога се работи за биолошки материјал. Прво овој факт треба да го имаме предвид. Вториот факт што мене лично ми дава комодитет дека би имало можеби малку злоупотреби е институцијата од другата страна, се работи за престижен Универзитет. Исто така научникот кој е главен во тој Универзитет е човек кој што е светско име како научник, и лично, тргнувајќи од себе си, не верувам дека таа држава, тој Универзитет или таа лабораторија може да дозволи да има злоупотреби за увоз на биолошки материјал без да има јасно дефинирани протоколи. Ова е мое лично мислење“, рече министерот Алиу.

Македонската јавност дозна дека некогаш од кај нас биле извезувани мозоци од починати лица за научно да се истражуваат откога американското Министерство за правда ги објави документите на починатиот милијардер обвинет за трговија со луѓе, педофилија и силување, Џефри Епстин.

Јавното обвинителство денес извести дека по објавите во медиумите е оформен предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Епстин.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одбраната во ера на брза технологија: Македонија дел од глобалната дебата за воена вештачка интелигенција

Објавено пред

На покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на отворањето на 3. глобален меѓународен самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој денес и утре се одржува во А Коруња, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Целта на овој Самит на кој учествуваат министри, државни претставници од речиси сите земји членки на ООН, претставници на меѓународни организации, академици, и други високи гости е зајакнување на глобалната свест за одговорен развој на вештачката интелигенција во воен контекст, притоа почитувајќи ги човековите права и меѓународното право.

Во рамки на Самитот, министерот Мисајловски оствари средба со својата колешка Роблес, на која беше истакната заедничката подготвеност за унапредување на билатералната одбранбена соработка и се разговараше за повеќе предлог заеднички активности и изготвување План за соработка меѓу двете земји.

Во оваа прилика министерот Мисајловски се заблагодари за поканата и истакна дека Самитот претставува значајна можност за размена на експертски мислења во доменот на одбраната и безбедноста.

“Технологијата во воената област се развива со огромна брзина и затоа соработката на тоа поле е суштинска во развојот на воените капацитети и способноста на сојузниците да ја гарантираат безбедноста”, рече министерот. Додаде дека поканата за учество е доказ и за одличните билатерални одбранбени односи со Шпанија чие унапредување беше клучна тема на состанокот.

Мисајловски истакна дека нашата земја во ноември 2024 година беше првата земја-кандидат за членство во Унијата од Балканот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, и додаде дека македонскиот придонес кон регионалната и колективната безбедност со ист интензитет ќе продолжи и во иднина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија2 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија4 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија4 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија6 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија6 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија6 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија7 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија7 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет9 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет10 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет11 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 ден

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија1 ден

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...