Свет
ЕМА: Нема докази за забрана на вакцината од „Астразенека“
Каузална врска помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината од „Астразенека“ не е докажана, но ние продолжуваме со анализата, велат од европската агенција за лекови.
Од таму додават дека немаат докази за поддршка на забраната за употреба на оваа вакцина за која било популација, и покрај извештаите за згрутчување на крвта.
Изјавата на директорката на Агенцијата дадена денес е во спротивност со советот даден ден претходно од стручниот панел во Германија, по кој германската влада одлучи да ја прекине употребата на вакцината од „Астразенека“ кај лица помлади од 60 години, пренесуваат европските медиуми.
Директорот на Европската агенција за лекови, повикувајќи се на мислењата на науката изјави дека нема докази што би ја поддржале забраната за употреба на таа вакцина на која било возраст.
„Каузалната врска со вакцината не е докажана, но е можна. Продолжуваме со анализата “, објави ЕМА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет
Tри тела се извлечени утринава од туристички брод што потона во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, а спасувачките тимови сè уште трагаат по 13 исчезнати лица, изјави гувернерот Амр Ханафи за „Ројтерс“.
Бродот „Си стори“ потона во понеделникот во близина на гребенот Сатаја превезувајќи 31 турист и 13 члена на екипажот на повеќедневно нуркачко патување. Беше погоден од високи бранови и потона за 5 до 7 минути. Се верува дека шеснаесет патници се заробени внатре.
Дваесет и осум преживеани беа спасени со полесни повреди за кои не беше потребна хоспитализација. Преживеаните се сместени во хотел во Марса Алам, каде што властите работат со амбасадите и конзулатите за да обезбедат помош и документација.
Ханафи рече дека бродот ја поминал последната безбедносна инспекција во март 2024 година, без пријавени технички проблеми. Бродот, сопственост на египетски државјанин, бил долг 34 метри и добил едногодишен безбедносен сертификат од Управата за поморска безбедност.
Несреќата се случила при лоши временски услови. Египетската управа на пристаништа на Црвеното Море во неделата извести за бранови од 3 до 4 метри и силен ветар, што го затвори поморскиот сообраќај.
Тоа беше вториот брод што потона во областа оваа година; во јуни уште еден брод претрпе сериозни оштетувања од силните бранови, иако немаше извештаи за жртви. Црвеното Море, познато по своите корални гребени и разновидниот морски живот, е главниот центар на туристичката индустрија во Египет, кој игра клучна улога во економијата на земјата.
Свет
Највисокиот суд во Хонг Конг ги поддржува правата за домување за хомосексуалните парови
Врховниот суд на Хонг Конг денеска потврди три претходни пресуди што фаворизираат доделување јавни станови и права на наследство на истополовите брачни парови повикувајќи се на одредби за уставна еднаквост.
Едногласната одлука на конечниот Апелациски суд во Хонг Конг е најновата правна победа за ЛГБТК+ заедницата во градот од 2023 година.
Судиите Ендрју Чеунг, Роберт Рибеиро, Џозеф Фок, Џонсон Лам и Френк Сток во писмената одлука рекоа дека ги отфрлаат аргументите на владата дека истополовите и хетеросексуалните парови „не се споредливи во нивните права на јавни станови“, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Шолц: Не ја исклучуваме можноста авионската несреќа во Литванија да е резултат на хибридна војна
Германските лидери ја потенцираа можноста дека вчерашната несреќа на товарниот авион на ДХЛ во Литванија се должи на саботажа или хибридна војна.
Товарниот авион летал од Лајпциг, Германија, за Литванија, а требало да слета на аеродромот во Вилнус кога паднал на неколку километри од пистата. Авионот се лизгал по земјата неколку стотици метри пред да удри во куќата, соопштија литванските власти.
На прашањето дали несреќата е резултат на хибридна војна, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави за јавната телевизија ЗДФ дека размислуваат за тоа.
„Размислуваме за тоа, внимателно ја следиме ситуацијата, во моментот не можеме да потврдиме, но тоа би можело да биде така – има многу лоши форми на хибридна војна што ги гледаме во Германија“, рече канцеларот и додаде дека причината за несреќата треба внимателно да се истражи, но дека не би обвинил никого додека не може да го докаже тоа.
Неговите коментари следуваа по сличните изјави на германската министерка за надворешни работи, Анален Баербок, која, според извештајот на „Ројтерс“, им изјавила на новинарите на самитот на Г7: „Фактот дека сега, заедно со нашите литвански и шпански партнери, сериозно треба да се запрашаме дали ова е несреќа или повеќе хибриден инцидент, што покажува во какви нестабилни времиња живееме во моментот, дури и во центарот на Европа“.
Литванските власти, од друга страна, ја минимизираа можноста за саботажа инсистирајќи на тоа дека сè уште не се пронајдени докази што би укажувале на саботажа.
„Нашите првични информации не покажуваат дека ќе треба да истражиме посериозни дејства“, рече обвинителот Артурас Урбелис во изјавата што ја пренесе „Ројтерс“.
„Можеби ќе најдеме знаци на друга активност додека истражуваме“, додаде тој.
Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот испраќа свој персонал да помогне во истрагата, објави „Ројтерс“, заедно со претставници од „Боинг“ и Федералната управа за авијација на САД.
На снимката од блиската безбедносна камера се гледа како авионот паѓа, а потоа исчезнува. По неколку моменти, на небото се појавува голем огнен облак.
Во несреќата загина еден член на екипажот. Тројцата други на летот, вклучувајќи го и пилотот, преживеале, заедно со 12 лица во куќата, кои биле евакуирани на безбедно, според локалните власти.
Шефот на литванската контраразузнавачка служба, Дариус Јаунискис, на прес-конференција за новинарите изјави дека тероризмот не е исклучен.