Регион
Словенија влезе во трета блокада поради пандемијата на коронавирусот
Словенија денес влезе во својата трета блокада за нешто повеќе од една година, која ќе трае до 11 април.
Исклучок е времето на велигденските празници кога членови на две домаќинства ќе може да се посетуваат едни со други.
Училиштата повторно ќе се префрлат на олајн-настава, а градинките ќе обезбедат грижа само за децата чии родители работат во сектори од клучно значење, пренесува словенечката агенција СТА.
Маските за лице повторно ќе бидат задолжителни на отворено, освен за време на рекреација во природа.
На луѓето ќе им биде забрането да го напуштаат својот регион, со исклучоци, како што се одење на работа, обезбедување помош или учество во дипломатски мисии.
Директната продажба на стоки и услуги на потрошувачите ќе им биде забранета, со исклучок на продавниците за храна, аптеките и цвеќарниците.
Забраната за собирање ќе биде во сила, а на луѓето ќе им биде дозволено да се дружат само со членови на своето домаќинство.
Сите прослави ќе бидат забранети, а полицискиот час од 22 до 5 часот ќе остане во сила.
Музеи, галерии, библиотеки и архиви исто така ќе бидат затворени денес, настаните се откажани во наредните 11 дена, а верските церемонии ќе се одржуваат без присуство на верници.
Велигденската недела, која се слави на 4 април, ќе биде исклучок, а луѓето ќе може да патуваат во земјата за да го посетат семејството.
Максимум две домаќинства ќе може да се дружат, но вкупниот број луѓе постари од 15 години не смее да надмине шест.
Христијаните во Словенија ќе го прослават Велигден среде низа ограничувања поради коронавирусот бидејќи од 1 до 11 април се воведува строга блокада, а сите верски служби се одржуваат без верници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.