Македонија
Кривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со албанско знаме
Против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи, поднесена е кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.
Пријавата против 44-годишниот функционер е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело повреда на угледот на Република Северна Македонија.
Како што се наведува во официјалното соопштение на МВР, тој на 25 март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“ дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде што се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.
Притоа воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Северна Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

