Свет
Само Јужнокорејците со ковид-пасош ќе може да се вратат во секојдневниот живот
Сеул објави дека ќе издава дигитални сертификати со кои ќе се потврди статусот на вакцинација на лицата вакцинирани против Ковид-19, со што стана последната нација што ја донесе контроверзната мерка како средство за повторно отворање на прекуграничното патување, пренесува РТ.
Јужна Кореја ќе промовира апликација за паметен телефон овој месец, што ќе може да покаже дали некој примил вакцина, рече премиерот Чунг Сје-Кјун. Системот ќе користи блокчејн-технологија за заштита од потенцијална кражба на идентитетите.
„Воведувањето пасош за вакцина или т.н. зелена попусница ќе им овозможи на оние што се вакцинирани да му се вратат на секојдневен живот“, истакна премиерот.
Тој додаде дека Јужна Кореја ги следи другите нации, кои тврдат дека развиле системи способни да го проверат статусот на вакцинација, без да складираат други приватни информации.
Од почетокот на националната кампања за вакцинација против Ковид-19, Јужна Кореја вкцинира повеќе од 850.000 луѓе. Целта е да се вакцинираат 12 милиони граѓани до јуни.
Земјите во светот имаат имплементирано слични системи и за домашна употреба и за олеснување на меѓународните патувања. Кина и ЕУ почнаа да издаваат дигитални пасоши за вакцини што ќе се користат при преминување на границите.
Во други земји, како Израел, потребен е и сертификат за вакцина за да се добие влез во одредени места и да се извршат специфични активности.
Имаше повици за создавање стандарден систем за ковид-пасоши што може да се користи во целиот свет. Членовите на Г7, меѓувладина група која се состои од најголемите индустриски развиени земји во светот, наводно размислуваат за универзална здравствена легитимација.
Сепак, сè уште постои многу противење на идејата, која беше жестоко критикувана како дискриминаторска и нарушување на приватноста. На пример, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, вети дека ќе издаде извршна наредба со која ќе се забранат вакциналните пасоши отфрлајќи го концептот како непотребно пречекорување на овластувањата на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

