Спорт
Месина, Јанакис, Шремпф и Чак Дејли влегуваат во Куќата на славните

Само неколку дена по објавувањето на „Генерација 2020“ – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги објави имињата и на оние кои ќе влезат во Куќата на славните во сезоната 2021.
Листата ја предводи легендарниот американски тренер Чак Дејли (постхумно) кој ги предводеше САД до златниот олимписки медал на ОИ во Барселона во 1992 година. Освен него место во Куќата на славните има и за италијанскиот тренер Еторе Меси, поранешниот грчки кошаркар Панајотис Јанакис и Германецот Детлеф Шремпф.
Откако минатогодишниот избор беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, овојпат во Куќата на славните наеднаш ќе влезат две генерации – 2020 и 2021.
Свеченоста е закажана за 18 јуни, а ФИБА планира да одржи дигитална церемонија.
ГЕНЕРАЦИЈА 2021:
ИГРАЧИ:
Матју Фаје (Сенегал)
Хана Хоракова (Чешка)
Станислав Кропилак (Словачка)
Оскар Моглиа (Уригвај – постхумно)
Детлеф Шремпф (Германија)
Пенка Стојанова (Бугарија – постхумно)
Сергеј Тараканов (Русија)
Панајотис Јанакис (Грција)
Хаиџи Женг (Кина)
ТРЕНЕР:
Чак Дејли (САД – постхумно)
Том Маер (Австралија)
Еторе Месина (Италија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2020:
ИГРАЧИ:
Изабел Фијалковски (Франција)
Мичеслав Лопатка (Полска)
Стив Неш (Канада)
Агнес Немет (Унгарија)
Парк Шин-Џи (Кореја)
Модестас Павлаускас (Литванија)
Кеничи Сако (Јапонија)
Александер Волков (Украина)
Јуре Здовц (Словенија)
ТРЕНЕР:
Рубен Мањано (Аргентина(
Светислав Пешиќ (Србија)
Тара ВанДервеер (САД)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сопругата на Халк Хоган: „Срцето ми е скршено“

Сопругата на Халк Хоган, Скај Хоган, му оддаде почит на својот покоен сопруг.
Таа рече дека срцето и’ е скршено додека зборуваше во трогателна почит по смртта на ѕвездата на WWE.
Седумдесет и едногодишната икона на борењето и телевизијата, Халк Хоган, почина вчера наутро откако доживеа срцев удар.
Итната помош беше повикана во неговиот дом во Флорида, каде што беше лекуван околу 30 минути пред да биде однесен во болница.
За жал, тој беше прогласен за мртов подоцна тоа утро.
По шокантните вести, холивудските и боречките ѕвезди му оддадоа почит на Халк.
Дури и сегашниот претседател на САД се збогува со него.
„Халк Хоган беше МАГА (Make America Great Again) цело време – силен, жилав, паметен, но со најголемо срце“, напиша Доналд Трамп на платформата „Трут соушал“.
„Тој одржа апсолутно електричен говор на Републиканската национална конвенција, тоа беше еден од најважните моменти од целата недела.“
„Тој ги забавуваше фановите од целиот свет, а културното влијание што го имаше беше огромно. На неговата сопруга Скај и на семејството, им испраќаме најтопли желби и љубов. Халк Хоган многу ќе ни недостига!“
Фото: Инстаграм профил на Скај Хоган
Спорт
Пјастри со брутален круг до пол-позицијата за спринт трката во Белгија

Оскар Пјастри од пол-позицијата ќе ја стартува спринт трката на патеката Спа Франкошамп во Белгија. Лидерот во генерланиот пласман со со брутален круг ја освој првата стартна позиција.
Кругот со кој Пјастри ја освои пол-позицијата е со време 1.40.510 минути. Австралиецот за половина секунда зад себе го остави актуелниот шампион Макс Ферстапен, а за шест десетинки беше подобар од тимскиот колега Ландо Норис.
Спринтот од вториот ред, веднаш до Норис ќе го започне возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Брилијантни квалификации имаа возачите на Хас, Естебан Окон ќе стартува од петтото, а Оли Бернман од седмото место. Меѓу нив е возачот на Вилијамс, Карлос Саинц јуниор.
Во Топ 10 на стартото ќе бидат Пјер Гасли (Алпин), Исак Хаџар (Рејсинг Булс) иГабриел Бортолено (Заубер).
Најголемото разочарување во квалификациите се Луис Хамилтон и возачите на Мерцедес. Хамилтон ќе стартува од 17.позиција, Џорџ Расел од 13-та, а Андреа Кими Антонели во последната позиција.
Спринт трката се вози утре во 12 часот, а четири часа подоцна на програмата се квалификациите за главната трка.
Foto/ McLaren Media
Спорт
Милинковиќ-Савиќ се сели во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе се пресели во Наполи. Новинарот Фабрицио Романо објави дека српскиот голман ги прифатил условите на италијанскиот шампион.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, инсистирал на доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ, на крајот клубот му ја исполни желбата.
Торино ќе заработи 21.000.000 евра, а клубот од Неапол ќе ги исплати парите во текот на следните четири години.
Фото/ Принтскрин