Црна хроника
Тренинг со инструктори од ФБИ за борба против организираниот сајбер криминал
Во текот на следните седум дена колку што ќе трае обуката за „Организиран криминал и поврзаноста со компјутерски криминал“ учесниците а ќе се стекнат со нови знаења и методи за успешно справување со ваквиот криминал, презентирани од страна на американското ФБИ.
Инструктори на обуката што ќе се одвива во Скопје, се експертите од Федералното биро за истраги од САД (ФБИ – FBI), Мајкл Мекковн, Нил Гевин и Вилијам Шамбура.
Тренингот ќе се спроведува во Центарот за обука при Бирото за јавна безбедност на македонското министерство за внатрешни работи во Идризово крај Скопје, каде што во средата започна третата Регионална обука за 2012 година, на тема: „Организиран криминал и поврзаноста со компјутерски криминал“.
Обуката којашто беше отворена од страна на началникот на Центарот за обука, Гоце Бачанов и Доналд Хибард, претставникот на ФБИ во СЕЛЕК, е една од серијата вакви обуки што Министерството за внатрешни работи во текот на оваа, како и во изминатите три години, ги организираше и одржуваше на регионално ниво за полициски службеници од надлежните служби од земјите во регионот на Југоисточна Европа, односно Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Молдавија, Унгарија, Романија, Австрија и Италија./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

