Македонија
Претпладне сончево, попладне облачно со услови за дожд

Времето во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.
Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд, особено по должината на Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20 л/м2), проследени со појава на грмежи в сабота и засилен ветер.
В недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места, претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег.
Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.