Свет
Премиерката на Нов Зеланд за четири години петкратно ја зголеми минималната плата
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, ги зголеми минималната плата и даноците за најбогатите.
Претходно, таа ги повика компаниите да воведат четиридневна работна недела за време на пандемијата.
Минималната плата е покачена на 20 долари за час, а оние со највисоки плати може да сметаат на данок од 39 проценти во иднина.
Според ОЕЦД, Нов Зеланд и досега беше меѓу петте земји со највисока минимална плата во светот. Џасинда Ардерн постепено ја зголемуваше минималната плата во текот на изминатите четири години: во 2017 година таа беше пет пати помала, на ниво од 4,25 долари.
Висината на минималната плата е важна особено за време на пандемија бидејќи ја примаат многумина од вработените на аеродромите и на граничните работни места, на првата линија на одбрана од коронавирусот. Синдикатите побараа зголемување на нивната дневница на 22,10 долара.
Новата највисока даночна стапка ќе важи за секој што заработува повеќе од 180.000 долари годишно, т.е. за речиси два процента од Новозеланѓаните. Тој данок треба да донесе дополнителни 550 милиони долари приходи во буџетот оваа година.
Презентирајќи ги промените од кои имаат корист посиромашните, премиерката Џасинда Ардерн рече дека владата на тој начин ги исполнува своите предизборни ветувања, пренесува „Јутарњи лист“.
Измените претставуваат вистинско зајакнување на поддршката што им ја даваме на нашите најранливи, рече Ардерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

