Црна хроника
Приведени татко и син од Прилепско поради недозволено поседување оружје

Жител на прилепското село Саждево со иницијали А. Ј. и на возраст од 26 години е уапсен вчера при полициски претрес во неговиот дом, а под сомнение за извршено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Како што информираат од МВР, по претходна наредба за претрес од судија од Основниот суд во Прилеп, извршен бил претрес во домот и помошните простории на А. Ј. и неговиот татко Р. Ј., при што полициски службеници пронашле и одзеле ловна пушка и 15 патрони за неа за која осомничените не поседувале документација.
Р. Ј. е приведен и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен возач од Дебар, возел со 2,77 промила алкохол во крвта и без возачка

Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.
Полицијата соопшти дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој билзапрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа било констатирано дека А.Љ. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола.
Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.