Македонија
Генералниот секретар на СДСМ упати честитка до граѓаните кои го слават Велигден

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка до верниците од католичка вероисповест како и до сите граѓани кои го слават големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, според Грегоријанскиот календар.
„Драги сограѓани, кои го прославувате Велигден по Грегоријанскиот календар, искрено ви го честитам празникот, посакувајќи да го поминете во добро здравје, духовен мир и семејна среќа,најголемиот христијански празник, верниците и оваа година го дочекуваат соочени со предизвиците кои се пред сите нас, кои ги постави пандемијата со коронавирусот не само во нашата татковина, туку во целиот свет“, се вели во честитката од Николовски.
“Во овој тежок период за сите, Велигден треба да не потсети на најважните морални, но и хуманистички начела-добрина, заедништво, солидарност и љубов, кон ближните, кон човекот.Нека победата на Христос над смртта, победата на светлината и новите почетоци ни бидат инспирација и ни дадат духовна сила да ги победиме сите предизвици. Ви посакувам убав ден и овој празник да го прославите одговорно, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на здравјето“, пишува во празничната честитка на Николовски упатена до граѓаните кои го слават Велигден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.