Спорт
Поранешен колумбиски репрезентативец доби 11 години затвор за шверцување кокаин

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Џон Вијафара, кој играше во Премиер лигата, но и на добротворен меч со Лионел Меси, е осуден на 11 години затвор во Тексас, САД поради обид за шверцување на огромно количество кокаин од татковината во САД.
Вијафара беше прогласен за виновен минатиот ноември за внесување на 5 килограми кокаин во САД преку мисии со глисери и авиони преку Мексико во вредност од околу 30 милиони долари.
42-годишниот Вијафара, кој играше во Европа во Саутемптон, Портсмут и Реал Сосиедад, поголемиот дел од кариерата играше во Колумбија, каде што со Онсе Калдес ја освои Копа Либертадорес во 2004 година.
Поради шверц на дрога екс-репрезентативец на Колумбија екстрадиран во САД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Скај Спорт: Кевин Де Брујне го напушта Манчестер сити

Кевин Де Бујне (33), еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и легенда на Манчестер сити, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч, објави „Скај Спорт“.
Белгиецот кој во Сити пристигна во 2015 година за 76 милиони евра, одби да го продолжи договорот со клубот. Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купови и во 2023 толку посакуваната Лига на шампиони.
Иако Де Брујне и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот, се чини дека Пеп Гвардиола решил да тргне во насока на подмладување на тимот. Белгиецот во јуни ќе наполни 34 години, а во последно време често го мачат повредите.
Според последните информации тој би можел да ја продолжи кариерата во МЛС. Сан Диего новиот клуб во лигата, наводно е во напредни преговори со белгискиот играч за врска. Американскиот клуб му нуди статус на ѕвезда и улога на клучен играч во првата сезона во МЛС.
Спорт
Лука Карабатиќ ја заврши репрезентативната кариера

Францускиот ракометар Лука Карабатиќ објави дека ставил крај на репрезентативната кариера.
Карабатиќ (36) со француската репрезентација има освоено десет медали на големите натпреварувања, од кои пет златни. Во моментов е член на Пари Сен Жермен.
„По Олимпијадата дојде до смена на генерацијата, а кога се вратив на тренинзите по мојата повреда во ноември 2024 година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Тоа ме натера да се преиспитам. По неуспехот на Олимпијадата, не сакав да ја завршам репрезентативната кариера со чувство на горчина.
Сè уште имав можност да играм на големо натпреварување и да се обидам да ја завршам кариерата на високо ниво“, изјави меѓу другото Карабатиќ на социјалните мрежи.
Карабатиќ годинава со репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал на Светското првенство.
„Уживав на последниот турнир. Не беше лесно, но успеав да уживам. Секако, не ја освоивме титулата, но да ја завршам репрезентативната кариера со медал е посебно чувство“, истакна ракометарот на Пари Сен Жермен.
Спорт
Артета: Не се откажуваме од борбата за титулата

Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.
Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.
„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“.
Арсенал во среда гостува кај Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.