Црна хроника
Сведоците за „Метастаза” тврдат дека не давале пари за инвалидски пензии
Во Основниот суд 1 во Скопје продолжи сослушувањето на сведоците на обвинителството за случајот „Метастаза” во кој им се суди на лекари и соработници за организирана криминална мрежа за одобрување инвалидски пензии
Беа сослушани неколкумина сведоци кои добиле пензии. Во текот на истрагата некои од нив кажале дека дале три илјади евра за лажна дијагноза со која потоа добиле и пензија. Но, на судењето ниту еден не потврди дека давал пари. Сведоците во детали раскажуваа од што се болни и од кои причини барале пензии. Повеќето имале психички проблеми поради смрт во семејството или пак поради тоа што биле отпуштани од работа поради технолошки вишок. Судењето ќе продолжи кон средината на следниот месец кога ќе се сослушуваат нови сведоци на обвинителството кои се над 70. Судскиот совет одлучи тројца од обвинетите кои се во притвор да ги пушти од затворот „Скопје” во куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

