Вести
Во експлозиите во кинески Тианџин 44 мртви и над 500 повредени

Во низата огромни експлозии кои во средата навечер одекнаа во градот Таинџин, во источниот дел од Кина, загинале 44 лица, додека повреден се 520 од кои 66 се во критична состојба.
Во средата во 23.30 часот по локално (18.30 по средноевропско време) време во интервал од 30 секунди во областа Бинхаји одекнале најмалку две моќни експлозии во складишта на логистичката компанија „Ruihai Logistics. Експлозиите биле толку силни што ги регистрирала и локалната сеизмолошка станица. Нивната моќноста се споредува со детонации на 3 и на 21 тон ТНТ.
По експлозиите избувнал голен пожар, кој според локалните медиуми, зафатил околу 20 илјади квадратни метри. Според последните информации од четвртокот претпладнето, главните пожар е изгасната. Медиумите известуваат дека работата на гаснењето на пожарот е сопрена, бидејќи во моментов нема точни сознанија за составот и количеството на материјалите кои се наоѓаат во складот.
Причината за експлозиите не се познати, но според извештаите, тоа би можел да биде нарушувања во системот за безбедност при работата на компанијата, чиишто челни и одговорни лица веќе се уапсени.
Телевизиските снимки прикажуваат парчиња од стакло растурени во круг од три километра околу местото на несреќата, а очевидци велат дека „голема огнена топка и оган“ се кревале над пристанишната метропола Тинаџин осветлувајќи го небото и исфрлајќи облак прашина и разни парчиња повеќе десетици метри во височина. Снимките, исто така, покажуваа згради во пламен, редици опожарени автомобили на паркиралишта и контејнери расфрлани како детски коцки.
Спасувачките служби потврдија во четвртокот дека бројот на жртвите се искачил на 44, од кои 12 се пожарникари. Најмалку 520 луѓе се хоспитализирани, од кои 66 се во критична состојба, Во градските болници сé уште пристигнуваа повредени на носила, од кои многумина се облеани со крв, пренесува агенцијата Синхуа. Се очекува зголемување на бројот на жртвите, се додава во извештајот.
Како што пренесува државната телевизија CCTV, кинескиот претседател Си Џинпинг апелирал „да се стори сé за да им се помогне на настраданите и да се изгасне пожарот“, кој и натаму тлее на местото на несреќата.
Градот Тианџин, околу 200 километри југоисточно од главниот град Пекинг, е еден од најголемите кинески градови со речиси 15 милиони жители, според пописот од 2013 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.