Македонија
Миленковски: Уривањето на галијата е незаконско, не постојат никакви долгови кон градот
Управителот на фирмата „Сервис АД“ Жарко Миленковски во допис за медиумите тврди дека галијата „Среќа“ се урива нелегално и нема никакви долгови кон градот.
Наведува дека бродот е изграден со пари од приватен инвеститор државјанин на Република Бугарија, а за случајот информирани се бугарската амбасада и Европската Унија.
„Не е укината дозволата за поставување урбана опрема, што значи дека правниот акт врз основа на кој е поставен бродот сè уште е на сила. Во тек се два судски предмети, од коишто за едниот утринава беше одржано рочиште и не може да се руши на сила додека нема судска одлука. Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка за да се спречи настанување штета. Затоа една судијка веќе се откажа, а други две веќе неколку месеци не носат решение, со цел да му се дозволи на градоначалникот да изврши рушење т.е. да направи штета а потоа да се води судски спор“, се наведува во дописот до медиумите.
Миленковски додава дека компанијата која управуваше со галијата бара да ѝ се гарантира правото на фер судење без мешање и притисок од градоначалникот Петре Шилегов.
„Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор.
Се повикавме на член 9 од договорот каде што изречно е пишано дека Град Скопје ќе овозможи непречено функционирање на објектот. Не добивме никаков одговор. Плативме сè 100% и по една недела добивме информација дека еднострано е раскинат договорот“, се додава во дописот на Миленковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

