Спорт
Експерт за судење: Судијата тешко го оштети Ваљадолид
Судијата Хаиме Латре и контроверзната победа на Барселона над Ваљадолид е тема со која уште неколку дена ќе се занимава шпанската јавност. Барселона, синоќа, во 90. минута избори победа против тимот што се бори за опстанок во лигата.
Експертот на „Марка“, поранешниот судија Андухар Оливер, издвоил две ситуации во кои судијата Латре тешко го оштетил Ваљадолид.
Латре во 80. минута го исклучи Оскар Плано, поради фаулот врз Усман Дембеле. Впечатокот е дека стартот беше најмногу за жолт картон.
„Судијата со таа одлука тешко го оштети Ваљадолид. Прекршокот на гостинскиот фудбалер над Дембеле никако не беше за исклучување. Плано го фаулираше Дембеле, кој беше во трк, но во тој фаул не е агресивен, нема намера за нешто такво“, рекол Оливер.
Поранешниот судија тврди и дека голот на Барселона е нерегуларен.
„Голот на Дембеле требаше да биде поништен. Десет секунди пред голот Џорди Алба најпрвин го фаулираше, а потоа му ја одзеде топката на Роке Меса“.
Полемика има и за моментот во 62. минута, кога Алба со рака играше пред својот гол. Андухар тврди дека во овој случај Латре донел исправна одлука да не досуди пенал.
„Мислам дека одлуката да не досуди пенал е исправна. Играчот на Барселона немаше намера да игра со рака, тоа им го објасни на играчите на Ваљадолид. Поради тоа не бараше дополнителна помош и не ја гледаше снимката“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.
Спорт
Гвардиола. Ништо не ни оди
Манчестер Сити е сè уште во криза бидејќи по поразот во градското дерби против Јунајтед, загубија и од Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „граѓаните“ на северот на Норвешка доживеаја шокантен пораз 3:1.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, тврди дека повредите и разните отсуства се проблем за неговиот тим. Тоа е факторот што го прави Сити неспособен да игра како што треба. Јошко Гвардиол, Матеуш Нуњеш, Рубен Дијаш, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Оскар Боб, Савињо, Нико Гонзалез се повредени.
„Против Манчестер Јунајтед бевме разнесени, но не и денес. Сепак, кога ги немаме Савињо и Доку како крила… Проблемот е што немаме девет важни играчи кои ни ја даваат таа конзистентност. Боде/Глимт беа добро организирани, со формацијата 4-4-2 беа блиску еден до друг, тогаш мора да играте преку крилата, а немавме крила кои би можеле да играат еден на еден со нив… Затоа имавме проблеми, но генерално играа како традиционален тим, како што играат екипите од северот на Европа“, рече Гвардиола.
„Сè почна да оди против нас од Нова Година. Знам колку добар тим се, играа полуфинале во Лига на Европа минатата година… Имаа свој план, а ние дојдовме без некои важни играчи, оное кои ни даваат конзистентност“, додаде шпанскиот стручњак.
Сити моментално е седум бода зад Арсенал во Премиер лигата, а во следната рунда ќе игра против Вулверхемптон, кој е убедливо најлошиот тим во лигата. Во Лигата на шампионите, следниот ривал е Галатасарај.
„Мора да се вратиме на победите. Резултатите не се добри во Премиер лигата. Мора да продолжиме понатаму, ни следуваат Вулверхемптон и Галатасарај. Чувството е дека ништо не оди како што треба. Како сè да оди против нас, ќе се обидеме да го промениме тоа.“
Foto/ depositphotos

