Економија
Бислимоски: За 12,5 проценти зголемена потрошувачката на природен гас
За 12,5 % е зголемена вкупната потрошувачка на природен гас минатата година во споредба со 2019 година. Вкупно 471 потрошувач, од кои 340 се домаќинства потрошиле над 338 милиони нормални метри кубни гас во 2020 година, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Гасна електрана-топлана „Те-То“ АД Скопје, останува доминантен потрошувач на природен гас со околу 68% од вкупната годишна потрошувачка на државно ниво. Втор на листата по потрошени нормални метри кубни е производство на топлина „Балкан енерџи“ Дооел, по што следуваат „Макстил“ и „ЕСМ“-Подружница Енергетика.
„Од година во година расте потрошувачката на природниот гас, тоа пак е показател дека гасот е економски, но и еколошки најдобар. Нетипични се бројките во енергетскиот сектор во годината во која ја одбележа пандемијата со Ковид-19 кога е во прашање потрошувачката на природниот гас. Податоците покажуваат зголемена потрошувачка на природен гас кај општата индустрија и тоа за 43 %. Од друга страна, пак, за речиси 11 % е намалена потрошувачката кај металната индустрија, помала потрошувачка минатата година има и кај технолошко индустриско развојните зони, и тоа за 16 %. Зголемена потрошувачка има кај болниците кои се на природен гас и тоа приближно 8 %, исто така зголемување има и кај производството ТЕ, додека стабилна останува потрошувачката кај јавните институции и прехранбената индустрија“, потенцира претседателот на комисијата Марко Бислимовски.
ЈП „Струмица гас“ преку својот т.н. виртуелен систем минатата година дистрибуирала над 709.100 нормални метри кубни гас, што е за 5 % повеќе од 2019 година. Раст, но со помал интензитет има и кај ЈП „Куманово гас“ кој изминатата година регистрира испорачани речиис 541 илјади нормални метри кубни гас, посочуват од регулаторното тело.
Во 2020 година имало 53 нови приклучоци од категоријата домаќинства, додека во 2019 биле регистрирани само 14 нови приклучоци.
Инаку, од 1 јануари 2021 година на сила е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со која е намалена тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.