Контакт

Вести

Нигериската војска уби 70 борци на Боко Харам кои убиле 30 мажи и грабнале 60 жени

Објавено пред

Повеќе од 70 припадници на радикалното нигериски исламистичко движење Боко Харам загинале во воздушен напад на нигериската армија, објави во вторникот дневниот весник Vanguard, додека агенциите јавуваат дека исламисите .

dobivaj vesti na viber

Нападот е изведен откако изминатите години Боко Харам изведе неколку напади врз села во близина на Чибока, град во кој оваа група кон средината на април грабна повеќе од 200 средношколки, а во кои беа убиени повеќе од 40 луѓе. Единици на нигериската војска ги стасала милитантите во неделата додека бегале од тоа подрачје, наведува весникот.

„Видовме многу мртви и осакатени тела на терористите, како лежат на земјата и висат на дрвјата и грмушките“, изјавил локален жител Џошуа Јакуби, пренесува агенцијата DPA. Портпаролот на армијата го потврдил нападот.

Истовремено AFP пренесува дека најмалку 30 луѓе се убиени а повеќе од 60 жени и девојки се грабнати во серијата напади во североисточниот дел од Нигерија, за кои претставниците на локалните власти и населението ја обвинуваат Боко Харам. Убиствата и нападите се случиле во текот на серијата напади врз селото Кумабазу во сојузната држава Борно во текот на последната седмица, рекле очевидци кои успеале да побегнат пред судирите.

Генералштабот на нигериската армија на својот акаунт на Twitter објави дека „се прават напори да се добие потврда за многуте информации за грабнување на девојки во Борно“, Портпаролот на вооружените сили Крис Олуколаде не сакал да коментира.

Функционер на локалната власт во местото Дамбоа кој барал да остане анонимен изјавил дека „терористите нападнале и со сила одвеле повеќе од 60 жени“. Челникот на локалната милиција Аџи Калил ја потврдил информацијата за грабнување на 60-те жени. Тој прецизирале дека насилно ги грабнале терористите од Боко Харам

Во меѓувреме од другата страна на границата, во Камерун, државната телевизија CRTV објави дека камерунската армија заробила 40 припадници на Боко Харам на место коешто е голем локален пазар во Маруи, во северниот дел од земјата. Во овој дел од земјата се испратени околу две илјади камерунски војници за да се справат со спорадичните судири од територијата на Нигерија. Друг соговорник на AFP, локален жител кој успеал да побегне во Маидагура, главниот град на сојузната држава Борно, кој исто така сакал да остане анонимен рекол дека „во текот на нападот кој траел речиси четири дена се убиени повеќе од 30 мажи“. Напаѓачите притоа три дена целото село го држеа во заложништво“. додал, .

Боко Харам само во текот на 2014 година, во северниот дел од Нигерија. Од почетокот на нападите на оваа исламистичка група во 2009 година главна цел на бунтовниците беа христијаните, а од средината на 2013 година, пак, најмногу ги напаѓаат владините сили, но продолжуваат и масакрите во христијанските средини, како и во муслиманските заедници кои не ја прифаќаат нивната идеологија.

Боко Харам, чиешто име на хауса јазикот значи „западното образование е грев“, е одговорна и за многу напади врз училишта и универзитетски кампуси, главно во североисточниот дел од земјата. Оваа екстремистичка група за која постои сомневање дека е директно поврзана со глобалната терористичка организација Ал Каеда, сака да создаде муслиманска држава во северниот дел од Нигерија во кој муслиманите се мнозинство.

Иако нигериската армија објави дека е ликвидиран лидерот на Боко Харам, Абубакар Шеку, веројатно во периодот меѓу 25-ти јули и 4-ти август 2013 година, од раните што ги здобил во размена на огнот со безбедносните сили, исламистите од оваа група не престануваат со нападите. Наводната смрт на Шеку не влијаеше позначително врз намалувањето на интензитетот на акциите на исламистите, но сепак Боко Харем дејствува помалку моќно откако претседателот Гудлак Џонатан минатата година прогласи вонредна состојба во три северни сојузни држави и во мај 2013 година покрена офанзива против групата. Бунтот во почетокот беше ослабен со овие операции, меѓутоа и натаму има спорадични герилски напади.

Во Нигерија последните месеци се разжестува бунтот на исламистите чии упоришта се во североисточниот дел од земјата, каде што е прогласена вонредна состојба. Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12-тe провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓу муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.

За нападите врз христијаните во Нигерија одговорноста редовно ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам, основана во 2002 година која бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларен модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и врз седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа. Боко Харам е обвинета за убиствата на повеќе од илјада луѓе во терористичките напади коишто ги интензивираше од 2009 година.

Нигерија е составена од вкупно 36 сојузни држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ.

Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, само во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.

Претседателот Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Неговиот тогашен главен противкандидат Бухари, потекнува од северниот муслимански дел на Нигерија.

Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron”, „Shell” и други нафтени компании./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ5 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија6 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија7 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет8 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија23 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...