Македонија
Груевски: Најниските даноци носат нови странски инвестиции
Македонија има најниски даноци во светот, според најрелевантни финансиски институции, а ваквите позитивни извештаи за земјата се користат за време на владините роуд шоуа, на презентациите на Македонија како земја со одлична бизнис клима, рече челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во саботата вечерта госутвање во централниот дневник на телевизијата Сител при што навести нови странски инвестции и продолжување на проектите за вработување на младите.
Македонија има најниски даноци во светот, според најрелевантни финансиски институции, а ваквите позитивни извештаи за земјата се користат за време на владините роуд шоуа, на презентациите на Македонија како земја со одлична бизнис клима, рече челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во саботата вечерта госутвање во централниот дневник на телевизијата Сител при што навести нови странски инвестции и продолжување на проектите за вработување на младите.
„Постојано сме во контакт со огромен број кјомпании. Деновиве ќе биде најавена нова инвестиција на компанија од автомобилска индустрија. Станува збор за голема компанија која веќе инвестираше во Македонија и донесе интерна одлука да инвестира во Македонија. Информиран сум дека ќе се објави одлука за нивно инвестирање во втор капацитет. За почеток ќе отворат 400 работни места, а потоа за неколку години и до илјада“, рече Никола Груевски, претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се повлече од премиерската должност која непрекинато ја извшување од 2006 година поради новиот изборен законик произлезен од ткн Пржиснки договор за надминување на политичката криза во земјата и спроведување на предвремените парламентарни избори.
Груевски притоа откри дека постоел голем интерес од страна на инвеститори за локацијата на поранешната охридска фабрика ЕМО. „Има најмалку три заинтересирани компании од различни индустрии и држави. Се надевам наскоро ќе дојде до инвестиција во ЕМО. Има и повеќе странски компании, но тие ќе ја објават одлуката. Имаме софтверска компанија пред објавување на одлука за инвестирање, за почеток 200 вработувања главно ИТ инжинери, а потоа можеби дуплирање на оваа бројка“, рече.
Според него, дека како земја со политиката која ја правеше неговата влада има што да им се понуди на инвеститорите, а најниските даноци во светот, за што претходно во саботата на социјалната мрежа Facebook објави посебен текст, Грувски ги оцени „само еден од одличните услови“ за бизнис што постојат во Македонија.
„Она што го објави реномираниот Бизнис инсајдер е нешто што подолго време го има Република Македонија, но како да не ни веруваа домашните на сево ова. Стапката од 7,4 отсто е најниска во светот или на планетата како што велат во Бизнис инсајдер, а тоа е одлично затоа што многу компании ќе го видат тоа, компании кои размислуваат за нова локација, па ќе видат дека не само најниски даноци, имаме најниски трошоци, вложуваме во образование, имаме слободни економски зони со помали даноци и редица други работи ги нуди Република Македонија. Тоа е и нешто што заголицнува да се видат и други вредности и бенефиции кои ги дава Македонија, но она за мене што е најважно од се е тоа што низ годиниве политиката на ниски даноци ни даде резултати на економските полиња“, истакна и додаде дека освен што огромен број компании беа привлечени да инвестираат во Македонија, беа охрабрени за инвестирање и домашните македонски компании.
„Растот на економија е меѓу највисоките во Европа. Секогаш сме во првите чети-пет земји, според растот, тоа значи развој на економија. Второ, важно е што имаме ситуација во која имаме сериозен раст на извозот од 1,9 милијарди во 2006 година на 4 милијарди во 2015 и покрај економските кризи. Следна важна работа е што ни донесе инвестиции и нови работни места. Секоја недела имаме вест за нова фабрика, инвестиција, нешто што порано не беше тема кај нас, немаше такво нешто. Се отворија 150.000 нови работни места. Ако имавме 560.000 вработувања во средина на 2006, сега имаме 150.000 повеќе и невработеноста од 38 падна на рекордно ниски 24, 6 проценти. Уште треба да се намалува, но никогаш не била пониска. Следа важна работа е што успеавме да го поминеме ова без посериозно зголемување на државниот долг. Ние суфицитите ги искористивме предвремено да се раздолжиме за, доколку дојде криза, да имаме низок долг и економијата да ја одржуваме и да не се презадолжиме. Така и се случи, 2007/2008 имаше сериозно задолжување. Стапката на долгот ја спуштивме на 23 отсто за потоа, кога започна кризата, кога фирмите ги изгубија нарачките, кога инвестициите се намалија зашто имаше криза во Европа и во светот, ние повлековме економски потези, земавме задолжувања за патишта, железници и капитални инфраструктурни проекти, а да не се презадолжиме. Тоа беше една политика која беше одлично програмирана, даде одлични резултати, невработеноста е драстично намалена и паѓа секој квартал, многу е важно што дојдоа нови компании и имаме раст континуирано, извозот расте и имаме полна економија. Пред нас е само Англија, сите други се зад нас и ова е одлична информација“, објасни Груевски.
Политиката на ниски даноци помага многу, особено во намалување на сивата економија, додаде Груевски, потенцирајќи дека неисплатливо е да се краде данок и компаниите не пребегнуваат кон одбегнување плаќање данок, со што растат приходите на Буџетот, а во првата година по воведување на овој данок имало 20 отсто поголем приход во Буџетот и покрај намалените даноци.
Груевски зборуваше за проектите наменети за младите лица кои ги најави во новата програма на владејачката партија. „Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години“ нагалси Груевски оценувајќи дека овите нови мерки наменети за младите ќе бидат добра стимулација за нив да искористат многу прилики и да имаат подобар квалитет на живот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

